(ФОТО) Лос Анџелес: Полицијата најде две бели „комбиња од интерес“ во потрагата по напаѓачот кој уби 10 лица

January 22, 2023
1 min read

Засега нема официјална потврда дека некое од нив е поврзано со напаѓачот, како и дали е пронајден осомничениот иако некои од американските медиуми објавија дека тој е мртов

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Во потрагата по напаѓачот во паркот Монтереј во Лос Анџелес кој уби најмалку 10 лица, полицијата пронајде две бели комбиња, откако претходно имаше информации дека со такво возило избегал осомничениот.

Првично, полицајците опколија едно комбе јужно од паркот Монтереј. Го скршија прозорецот и влегоа во него.

Во истата област, потоа било пронајдено и друго паркирано бело комбе за кое полицијата, исто така, рече дека е „комбе од интерес“.

Засега нема официјална потврда дека некое од нив е поврзано со напаѓачот, како и дали е пронајден осомничениот иако некои од американските медиуми објавија дека тој е мртов.

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Претходно, полицијата во Лос Анџелес објави фотографија од осомничениот, но неговото име сè уште не го соопштија.

Она што го објавија е дека лицето е високо 177,8 сантиметри, облечено во црна јакна и со очила.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: Англиски фудбалер полуде, ги исфрли работите од куќата на неверната девојка

Следно

Се шири мистериозна болест, најмалку 21 починат

Latest from Blog

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The

Птица снесе јајце во центар на теренот- ќе нема натпревари цел месец (ВИДЕО)

Фудбалерите кои пристигнаа на натпревар во регионалниот спортски комплекс Џерабомбера минатиот викенд беа пренасочени кон друг терен откако птицата лишка положи јајце во централниот круг, објави Дејли Меил. „Лишка положи јајце на синтетичкиот фудбалски

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и
Go toTop