ФОТО: ИНЦИДЕНТ НА ХАЛКИДИКИ – Ветер оддува чадор, кој се заби во нога на девојка која се сончала

August 8, 2025
1 min read

Инцидент се случи на плажата Посиди на Халкидики кога силен ветер оддувал чадор, кој потоа се забил во нога на девојка. Овој настан се случил денес околу 13 часот, додека 26-годишната девојка се сончала на плажа.

Ветерот бил толку силен што чадорот за сонце излетал од своето место и предизвикал сериозни повреди. Девојката веднаш ја добила потребната медицинска помош и била пренесена во болница за лекување на повредата.

За среќа, еден од спасувачите од Халкидики, кој случајно се нашол на плажата и бил надвор од должност, веднаш ѝ притрчал на помош на повредената девојка. Неговата брза реакција била клучна во пружањето прва помош пред да пристигне брзата помош на местото на настанот, јавуваат локалните медиуми.

Повредената девојка била пренесена во болницата во Полигирос, каде што била извршена процедурата за отстранување на чадорот и санирање на повредата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинскиот претставник во ОН: „Должност на меѓународната заедница е да дејствува“ за плановите на Израел за окупација

Следно

„Свиркачи за СДСМ со имиња и презимиња“: Државниот просветен инспекторат, под диригенство на Јаневска, станува партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, турбо работат Viber групите

Latest from Blog

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,
Go toTop