(ФОТО) Ѓоковиќ победи на „Ролан Гарос“ и дојде до рекордниот 23-ти Грен Слем пехар

June 11, 2023
1 min read

По нешто повеќе од три часа битка, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со резултат 3:0 во сетови (7:6,6:3,7:5) го победи Норвежанецот Каспер Руд во финалето на „Ролан Гарос“ со што и официјално стана најдобар играч на сите времиња во тенис, освојувајќи го рекордниот 23-тиот Грен Слем пехар.

Ѓоковиќ лошо го започна финалниот натпревар, но брзо се консолидираше и стигна до водство во првиот сет, кој воедно беше и најдолг, односно траеше околу еден час и дваесетина минути. Потоа, рутински, ги освои и следните два сета и го освои турнирот во Париз, Франција. Со денешната победа, Ѓоковиќ се запиша во историјата на тенисот бидејќи ја освои 23-тата Грен Слем титула во неговата кариера, со што изби на врвот на „белиот спорт“. Зад него со 22, односно 20 титули остануваат Рафаел Надал и Рожер Федерер, но засега делува дека врвот е недостижен бидејќи Надал најави пензија, додека пак Федерер одамна е пензиониран.

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Ѓоковиќ стана најстариот освојувач на Ролан Гарос а пехарот го подигнува по трет пат. Воедно, тој е на добар пат да ги освои сите 4 Грен Слем титули во една година, бидејќи зимава го освои Австралија опен, а до крајот на календарската година му преостануваат уште Вимблон и Американ Опен.

Со оваа победа, Ѓоковиќ се врати и на водечката позиција на АТП листата, каде што досега беше неговиот опонент во полуфиналето Карлос Алкараз.

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сакавте наука? Лукот е смрт за ковидот

Следно

11-годишно дете почина во авион кој летал на релација Истанбул-Њу Јорк

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop