(ФОТО) Германската полиција имаше масовна потрага по избегана лавица, но испадна дека е во прашање дива свиња

July 21, 2023
1 min read

Во масовната потрагата, која денеска беше прекината, полицијата мислејќи дека трага по лавица учествуваше со автоматско оружје, а по лавицата се трагаше и со дронови, хеликоптери и оклопни возила

Германската полиција имаше масовна потрага по избегана лавица, но испадна дека е во прашање дива свиња / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Германската полиција од вчера тргна во потрага по избегана лавица во предградие на Берлин, а синоќа испрати и предупредување до граѓаните да не излегуваат во домовите и своите миленици да ги чуваат затворени дома. Меѓутоа, денеска ја прекина потрагата бидејќи се испоставило дека не станува збор за лавица туку за дива свиња.

„Опасноста веќе не постои и затоа ја прекинуваме потрагата. Според сите расположливи информации тргнуваме од тоа дека не станува збор за лавица“,

соопшти денеска началникот на во местото Клајнмачнов кај Берлин, Михаел Груберт.

Полицијата ова го соопшти на вонредна прес-конференција наведувајќи дека до заклучокот дошле по анализа на сите видеоснимки. Дивите свињи, како што пренесуваат германските медиуми, се карактеристични за овие предели околу Берлин.

Претходно и неколку зоолози и експерти за дивото животно изразија скептицизам дека станува збор за лавица.

Германската полиција имаше масовна потрага по избегана лавица, но испадна дека е во прашање дива свиња / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Во досегашната масовна потрагата полицијата се вклучи со автоматско оружје, а по лавицата се трагаше и со дронови, хеликоптери и оклопни возила.

„Опсегот на потрагата е целосно оправдан со оглед на првичниот сомнеж дека станува збор за опасна ѕверка“,

рече началникот.

Од Германскиот полициски синдикат, пак, испратија критики. Потпретседателот на синдикатот, Хеико Тегатз, ја критикуваше скапата потрага и рече дека тие пари можеле да се употребат за други цели, како на пример за борба против организираниот криминал

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СЗО: „Половина од светската популација е изложена на ризик од треската денга“

Следно

Нови сознанија: Крадците го шутирале Донарума и му ставиле пиштол на главата

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop