Фон дер Лајен: ЕУ предлага суспендирање на трговските привилегии за Израел

September 17, 2025
1 min read

Поради војната во Газа, Европската комисија предложи суспензија на одредени одредби од договорот меѓу ЕУ и Израел, кој ѝ дозволуваше на израелската страна да извезува по преференцијални услови, како и санкции за двајца израелски екстремистички министри и раководството на Хамас.


„Предлагаме суспензија на трговските привилегии со Израел, санкционирање на екстремистичките министри и насилните доселеници и суспензија на билатералната поддршка за Израел, освен поддршката за израелското граѓанско општество и за Јад Вашем“, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Мерката ќе влијае на 37 проценти од израелскиот извоз во ЕУ. Според проценката заснована на минатогодишната трговија, ова значи дека увозниците на израелска стока ќе мора да плаќаат 227 милиони евра царински давачки годишно.


Гласањето за овој предлог не бара консензус, туку квалификувано мнозинство во Советот на ЕУ, бидејќи станува збор за трговска политика што е исклучива надлежност на ЕУ.

Комисијата, исто така, предлага да се суспендира билатералната помош за Израел, со исклучок на соработката со израелското граѓанско општество или помошта за Меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашем.


Комисијата, исто така, предлага да се санкционираат двајца израелски екстремистички министри, насилни доселеници и 10 членови на раководството на Хамас. Овој предлог бара едногласна одлука од сите земји-членки. 


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Битола со Green & Growth влегува во нова ера на зелена транзиција

Следно

ВЛЕН обвинува: Османи потрошил 56 милиони денари за луксузни возила за два дена

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop