ВЛЕН обвинува: Османи потрошил 56 милиони денари за луксузни возила за два дена

September 17, 2025
1 min read

Претставникот на коалицијата ВЛЕН, Арбер Кадриу, денеска изнесе сериозни обвинувања за коруптивни практики во Министерството за надворешни работи за време на мандатот на поранешниот министер Бујар Османи.

Според Кадриу, договорот за изнајмување возила за потребите на Советот на министри на ОБСЕ во декември 2023 година е пример за класична злоупотреба на јавни пари. Контрактот изнесувал 56,64 милиони денари за само два дена активности, без механизми за контрола и без доказ за бројот на навистина користени возила.

„Државата платила и до трипати поскапо за исти возила од истата компанија во ист временски период. Ова не е административна грешка, туку системска корупција,“ рече Кадриу.

 

Тој нагласи дека Државниот завод за ревизија веќе констатирал неправилности во постапката, додавајќи дека не постоел записник, комисија за прием или транспарентни критериуми за избор на операторот.

„Го прашуваме јавно Бујар Османи: кој го потврдил бројот на возилата и реализацијата на договорот? Зошто цените биле астрономски? Кој профитирал од оваа шема?“ рече Кадриу, барајќи отворање на истрага за сите инволвирани и целосна проверка на сите јавни набавки во МНР во мандатот на Османи.

„Ова е вистинското лице на политичката корупција. Овој модел мора да запре. ВЛЕН ќе продолжи да ја открива вистината и да се бори за чесно и транспарентно управување со парите на граѓаните,“ заврши Кадриу.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен: ЕУ предлага суспендирање на трговските привилегии за Израел

Следно

Реал стана апсолутен рекордер по бројот на пенали кои ги добил во ЛШ

Latest from Blog

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,
Go toTop