ФИЛМОТ СО АЛЕК БОЛДВИН НА ЧИЈ СЕТ ЗАСТРЕЛА КИНЕМАТОГРАФЕРКА ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖАН НА ФЕСТИВАЛОТ КАМЕРАИМИЏ ВО ПОЛСКА

November 21, 2024
1 min read

Вестерн филмот „Раст“, со Алек Болдвин во главната улога, вчера беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал Камераимиџ во Полска, оддавајќи ѝ почит на кинематограферката Халина Хачинс, која пред три години беше смртно застрелана со револвер што Болдвин го користел на пробите.

Во јули годинава, судијка во Ново Мексико го отфрли случајот против него за ненамерно убиство. Хана Гутиерес-Рид, реквизитерката која му дала пиштол на Болдвин пред тој да ја убие Хачинс на снимањето, доби 18 месеци затвор.

Премиерата на меѓународниот фестивал Камераимиџ во Торуњ почна со едноминутно молчење, а заврши со аплауз на крајот на проекцијата. Филмот во Полска го претстави режисерот Џоел Соуза, кој беше ранет во инцидентот и на публиката ѝ рече дека првично по несреќата не можел да замисли да продолжи со продукцијата, па дури и да работи на филмски сет или да пишува.

„Едноставно, тоа премногу болеше“, рече тој.

Но, сопругот на Хачинс, Метју, сакал филмот да биде завршен и се вклучи како извршен продуцент.

„Нему му беше важно луѓето кои ја познаваа и сакаа Халина да ја видат нејзината последна работа“, рече Соуза.

На премиерата присуствуваше кинематограферката Бјанка Клајн, која ја продолжи работата на Хачинс. Болдвин не добил покана, а не дошла ниту мајката на Хачинс, која води приватен спор со него.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додека скопјани мрзнеа на автобуските и дишеа загаден август, Арсовска била на семинар во Бразил

Следно

Мицкоски: Додека сум премиер, ќе ја водам Владата од интересите на Македонија

Latest from Blog

“Бомба“: ПСЖ сега нуди 350 милиони евра за Јамал, ако и тоа е малку ќе понуди и повеќе!

ФОТО: FC Barselona/X Вистинска “бомба“ од Париз. Имено медиумите во Франција лиферуваат вест која може тотално да го “измести“ светскиот фудбал. ПСЖ се подготвува повторно да го потресе фудбалскиот пазар на начин
Go toTop