Мицкоски: Додека сум премиер, ќе ја водам Владата од интересите на Македонија

November 21, 2024
1 min read

На денешната седница за пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на на прашање поставено од пратеникот Реџеп Исмаил, поврзано со поддршката на премиерот, Радмила Шекеринска да биде избрана за заменик генерален секретар на НАТО вели „секогаш додека јас ја водам Владата исклучиво ќе се водам од интересите на мојата татковина Македонија и македонските национални интереси и ќе го поддржам секој оној што е во таа насока и во таа линија“.

-Јас објаснив и вчера дека со госпоѓата Радмила Шекеринска имаме дијаметрални разлики за многу прашања што се однесуваат на дневната политика, но не само на дневната политика, туку и на стратешки разлики, идеолошки разлики, и тука никој не треба да има дилема. Но, секогаш кога станува збор за македонски национален интерес подготвен сум да поддржам секого. Во изборот меѓу Радмила Шекеринска и останати четири други кандидатки, логично е како премиер на Владата на цела Македонија, не само на лево, десно, центар, Македонци, Албанци, Турци…на сите, да донесам одлука за која што заедно со луѓето кои се во соодветните ресори ќе покажеме дека тоа што го зборуваме и кога повикуваме на национално единство, тоа и да го практикуваме. И, друг пат кога ќе има ваква прилика, без разлика дали таа опција доаѓа од лево, десно…секој македонски граѓанин кој што гордо ќе ја претставува својата татковина Македонија, од мене ќе биде поддржан за која било меѓународна институција. Секогаш додека јас ја водам владата исклучиво ќе се водам од интересите на мојата татковина Македонија и македонските национални интереси, и ќе го поддржам секој оној што е во таа насока и во таа линија, истакна Мицкоски.

Можеби според вас, одговори премиерот до пратеникот Исмаил, подобро ќе беше да биде избран некој друг од четворицата кандидати, но за мене тоа не подобро.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФИЛМОТ СО АЛЕК БОЛДВИН НА ЧИЈ СЕТ ЗАСТРЕЛА КИНЕМАТОГРАФЕРКА ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖАН НА ФЕСТИВАЛОТ КАМЕРАИМИЏ ВО ПОЛСКА

Следно

Агелер: САД ќе ја дополни црна листа

Latest from Blog

ВЛЕН: Петмина министри од ДУИ во правда, но без решение за правосудниот испит

Политичката коалиција ВЛЕН обвини дека со години институциите не овозможиле полагање на правосудниот испит на албански јазик, и покрај тоа што Министерството за правда било раководено од повеќе министри од ДУИ. Според

Полицаец си ја убива партнерката за време на потера во Чикаго (Вознемирувачко видео)

Објавена е брутална снимка од камера на телото што го покажува моментот кога полицајката Кристал Ривера паѓа мртва откако е застрелана од нејзиниот партнер, Карлос Бејкер, за време на потера во Чикаго.

Брзата реакција на пожарникарите и екипите од Македонски шуми спречи да се прошири пожарот во општина Липково

Брзата реакција на пожарникарите и екипите од Македонски шуми спречи да се прошири пожарот кој денеска избувна во општина Липково. Пожарот настана по вчерашната акција на Скопска Црна Гора за лов на
Go toTop