ФИЛХАРМОНИЈАТА ЈА ОТВОРА СЕЗОНАТА СО АНА ДУРЛОВСКИ, 80 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО ЌЕ СЛАВИ СО СИМОН ТРПЧЕСКИ

August 25, 2024
1 min read

Со концерт на кој солист ќе биде оперската певица Ана Дурловски, на 10 октомври започнува новата концертна сезона во Филхармонијата, која година слави 80 години постоење.

Дурловски, во придружба на Оркестарот на Филхармонијата ќе пее познати арии од Корнголд, Чајковски и една премиерна изведба на увертира од македонски композитор. Диригент е Јерухам Шаровски од Израел, а концертот е насловен „Го славиме јубилејот“.

На 17 октомври од 20 часот ќе се одржи концертот „Озвучени емоции“ на кој како солист ќе настапи францускиот пијанист Лука Дебарг од Франција со дела од Шопен и Стравински.

Славеничкиот концерт „80 години љубов“ ќе се одржи на 28 октомври со македонскиот пијанист со светска кариера Симон Трпчески како солист.

Трпчески ќе свири премиерна изведба на увертира од македонски композитор, Концерт за пијано и оркестар во а-мол, Оп. 16 од Григ и Симфонија бр. 1 „Титан“ во Де – дур од Малер.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манастирот во Матка се подготвува да ги пречека верниците на одбележувањето на Голема Богородица

Следно

Без струја денес дел од Ѓорче Петров

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop