Фидан: Туркије е решена да ги елиминира сите закани за неа од нивниот извор

January 10, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека Туркије има капацитет „најважно одлучност да ги елиминира сите закани за нејзиното постоење од нивниот извор“, мислејќи на терористичката организација ПКК/ЈПГ, јавува Анадолу.

„Се гледа крајот на патот на терористичката организација ПКК/ЈПГ и на нејзините ограноци во Сирија“, изјави Фидан за новинарите.

„Ние го кажавме тоа повеќепати. Не може да живееме со таква закана (од ПКК/ЈПГ). Или некој друг ќе преземе акција или ние ќе преземеме нешто“, додаде тој.

Во врска со посетата на американскиот државен секретар на Париз, Фидан рече дека Туркије ги игнорира земјите што се обидуваат да ги унапредат сопствените интереси во Сирија користејќи ја американската моќ.

„Искрено не ги земаме предвид земјите (како Франција) што се обидуваат да ги унапредат своите интереси во Сирија користејќи ја моќта на САД, криејќи се зад неа“, додаде тој.

Во врска со тековната геноцидна војна во Палестина, Фидан рече: „Апсолутно е неприфатливо Палестинците да бидат оставени без татковина, без земја и без државјанство.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Момче побегна од часови за да биде на фудбалски натпревар и стана хит на социјалните мрежи, родителите добија мејл од училиштето

Следно

Влошена здравствената состојба на архиепископот на Албанија

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop