Фидан: „Се очекуваат нови мировни преговори меѓу Русија и Украина, двете страни согледуваат придобивки“

June 4, 2025
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека очекува нова рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, бидејќи двете страни ја согледуваат важноста на дијалогот, јавува Анадолу.

Синоќа, во интервју за ТРТ Њуз, министерот Фидан потенцираше дека војната, која веќе влегува во четвртата година, не е повеќе конфликт само меѓу две земји, туку ескалира во глобална криза поради вклученоста на меѓународни актери.

Тој повторно го нагласи конзистентниот став на Турција против војната, истакнувајќи ја огромната човечка и економска цена – над еден милион загинати или ранети, и уништени големи градови.

Фидан потсети на миротворните напори на Анкара, вклучително и на Црноморската иницијатива за жито, преговорите одржани во Истанбул во 2022 година и бројните размени на затвореници.

Тој истакна дека импулсот за прекин на огнот се зголемил со доаѓањето на власт на американскиот претседател Доналд Трамп и потсети на своите посети на Москва и Киев, додавајќи дека Турција ги започнала активностите како посредник користејќи го своето знаење и искуство во медијацијата, а завојуваните страни за прв пат се собрале во Истанбул на 16 мај.

Фидан додаде дека средбата од 2 јуни се одвивала во позитивна атмосфера и резултирала со договор за нова размена на затвореници – над 1.000 лица.

Двете страни презентирале документи со услови за прекин на огнот и ги размениле ставовите за можен самит на лидерите. Тие се согласиле дека е неопходно да продолжат со нова рунда преговори.

„Со оглед на моменталната состојба и психолошката атмосфера обликувана од војната, ова беше најдобрата можна средба. Клучот е да не се напушта масата и да се остане посветен на прекинот на огнот и на мирот. Тоа е нашиот совет до двете страни. Без разлика дали масата ќе биде во Турција или на друго место – важно е да продолжат разговорите“, рече Фидан.

Тој исто така истакна дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е подготвен да биде домаќин на потенцијален самит на лидери, нагласувајќи дека Ердоган е единствениот лидер кому му веруваат сите три страни.

„Може да се најде локација, но како политички лидер со глобален углед, искален низ тешки борби, познат по искреноста, кредибилитетот и професионалните институции – нема друг што може да се спореди“, истакна шефот на турската дипломатија.

Фидан рече дека доколку има напредок во идните разговори, директна средба меѓу лидерите на Русија и Украина ќе стане неизбежна.

Тој забележа дека американската помош за Украина под водство на поранешниот претседател Џо Бајден сè уште продолжува, но најверојатно ќе заврши за неколку месеци, по што одлуките на Доналд Трамп може да ги променат динамиките на конфликтот.

– Сирија

Министерот Фидан исто така се осврна на нововоспоставениот механизам за борба против терористичката организација ДЕАШ, во кој се вклучени Турција, Ирак, Сирија, Јордан и Либан.

Тој изјави дека пред неколку недели, јорданскиот и сирискиот министер за надворешни работи биле во посета на Анкара, при што била донесена основна одлука за активирање на заедничка разузнавачко-оперативна ќелија преку воени и разузнавачки делегации.

„Тимовите составени од претставници на Јордан, Сирија и Турција веќе ја активираа Координациската ќелија за борба против ДЕАШ. Ова е значаен чекор за регионалната безбедност“, нагласи Фидан.

Тој рече дека по мартовскиот договор за интеграција меѓу сириската Влада и терористичката организација ПКК/ЈПГ (која во Сирија дејствува под името СДФ), не се видливи многу резултати, но зад сцената се одвиваат важни процеси.

Фидан додаде дека американското присуство во Сирија, институционалниот развој на терен и турските активности сѐ повеќе се усогласуваат.

„Се движиме кон рамка во која Дамаск, Анкара и Вашингтон ќе можат поблиску да координираат за поефикасно справување со заканата“, заклучи тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пандев: Да се ​​прават промени во Македонија е многу тешко, но ние сме оптимисти за иднината

Следно

Состанок на Контакт-групата за одбрана на Украина

Latest from Blog

Градското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“

Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“

РК Загреб поразен во Битола – Еурофарм Пелистер стартува со победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола започна успешно новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го поранешниот европски првак Загреб со резултат 25-23. Натпреварот, кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, беше прв

Цела Куба без струја по петти пат за една година

Уште еден општ прекин на електричната енергија ја погоди Куба денес, петти за помалку од една година, доведувајќи ја економијата во застој и нарушувајќи го животот на нејзините жители. „Имаше целосен прекин

Ѓорѓиевски: Инвестиции и подобрување на инфраструктурата во Бутел

Вечерва Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, се сретна со жителите на Радишани, заедно со сегашниот градоначалник на Бутел Дарко Костовски и министерот Панче

ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници, во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат д-р. Влатко Грозданов

ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници, во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат д-р. Влатко Грозданов, информираше вечерва Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Пратеничката Бети Стаменковска Трајковска
Go toTop