Фидан на Дипломатскиот форум во Анталија: Чесните луѓе од Западот повеќе не се рамнодушни кон бруталностите во Газа

March 1, 2024
1 min read

АНТАЛИЈА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, говорејќи на отворањето на третиот Дипломатски форум во Анталија, рече дека чесните луѓе од Западот повеќе не се рамнодушни кон бруталностите во Газа, јавува Анадолу.

На почетокот на поздравното обраќање, Фидан нагласи дека Дипломатскиот форум во Анталија стана важен бренд и платформа на идеи во дипломатијата, со акцент на плурализмот и реалните проблеми.

Потоа тој се осврна на ситуацијата во Газа, која од 7 октомври е цел на бруталните израелски напади, поконкретно на неадекватните реакции по прашањето на ситуацијата во Газа.

„Чинот на американскиот војник кој се самозапали затоа што не можеше да го поднесе своето соучесништво во масакрот во Газа е јасен показател на кризата на легитимитетот на меѓународниот систем“, рече Фидан.

Министерот нагласи дека денес е забележливо дека „чесните луѓе на Западот повеќе не се рамнодушни кон оваа бруталност во Газа“.

„Исламскиот свет, Глобалниот југ, совесните луѓе од Западот се на нозе. Меѓутоа, извршителите на масакрите се слепи и глуви на овој плач“, рече Фидан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ одвои дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците

Следно

ОЈО поднесе обвинение за Рамиз Мерко за „аудито“

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу
Go toTop