Фидан: „ЕУ и Туркије разговараат за соработката за нерегуларна миграција“

May 23, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека Туркије и ЕУ разговараат за начините за подобро справување со нерегуларната миграција, јавува Анадолу.

„Постои механизам меѓу ЕУ и Туркије за нерегуларна миграција и разговаравме како подобро да соработуваме по ова прашање“, рече министерот за надворешни работи Фидан на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи.

Во врска со визите на ЕУ за турските граѓани, министерот истакна дека процесот треба да се рационализира.

„Неодамна имаше визни прашања со земјите од ЕУ и ние сме во разговори со нашите европски колеги за ова прашање“, рече тој.

Вархеи од своја страна го истакна дијалогот на ЕУ со Туркије за Царинската унија.

„Надминавме значителен број проблеми во врска со Царинската унија со Туркије“, рече тој.

Официјалниот претставник на ЕУ, исто така, ја нагласи економската соработка меѓу двете страни, додавајќи дека во 2023 година е забележан рекорд на сите времиња во трговијата со Туркије.

„ЕУ има цел да мобилизира 2,4 милијарди евра (2,6 милијарди долари) директни инвестиции како дел од Инвестициската платформа ЕУ-Туркије“, рече Вархеи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Црногорец и Холанѓанец барани од Интерпол уапсени во Туркије

Следно

МЗ и натаму тактизира со одговорот на прашањето што се случува со хируршките сали во скопскиот Клинички центар

Latest from Blog

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на
Go toTop