Фетаи: Коцевски треба веднаш да се разреши, го изгуби кредибилитетот

February 25, 2025
1 min read

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, оцени дека државниот обвинител Љупчо Коцевски го загубил легитимитетот и кредибилитетот да ја извршува функцијата и треба веднаш да биде сменет, соопштуваат од кабинетот на вицепремиерот.

-Владеењето на правото и интегритетот на институциите се клучни во едно демократско општество, истакнува заменик-претседателот Фетаи.

Тој нагласува дека главните причини за разрешувањето на Коцевски се лошото управување со Јавното обвинителство, прекршувањето на обврската за зачувување на тајноста на постапките и нарушувањето на угледот на институцијата и на личниот интегритет на обвинителот.

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. По завршување на владините процедури, предлогот ќе биде испратен до Советот за јавни обвинители од каде согласно законските рокови Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена. Ако Советот од оправдани причини во определениот рок не достави мислење до Владата рокот се продолжува за уште 15 дена. Доколку и во овој рок Советот не достави мислење, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата. По добивање на мислењето од СЈОРМ, Владата го доставува предлогот за разрешување до Парламентот, кој ја носи конечната одлука со 61 глас. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Мицкоски му е „битен“ гласот на граѓанинот во случајот со владината итност за разрешувањето на обвинителот Коцевски

Следно

Перински во Чаир: Заедно продолжуваме да градиме побезбедна и поинклузивна општина за сите нас

Latest from Blog

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од
Go toTop