На Мицкоски му е „битен“ гласот на граѓанинот во случајот со владината итност за разрешувањето на обвинителот Коцевски

February 25, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува Советот за јавни обвинители на Република Македонија (СЈОРМ) да го слушне гласот на граѓаните во врска со разрешувањето на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.

На прашањето дали доколку СЈОРМ даде негативно мислење за разрешувањето на Коцевски ќе се смета за политичко разрешување и поради кои причини се бара разрешување, премиерот одговори дека причините ќе бидат образложени во Собранието. 

„Ќе ги образложиме сите причини кога процедурата ќе биде во Парламентот. Јас не бил претпоставувал кое би било мислењето на СЈОРМ, имајќи предвид дека граѓаните имаат историски најниска доверба во правосудниот систем и јас не очекувам дека СЈОРМ ќе биде заробеник на некои центри на моќ, а нема да го слуша гласот на граѓаните. Доколку граѓаните велат дека довербата во правосудниот систем е два проценти, тогаш очекувам истите тие, кои што се платени со пари од граѓаните, да го слушнат нивниот глас и да донесат одлука каква што очекуваат граѓаните. Во спротивно, ќе мора парламентот да дискутира и дебатира и тогаш ќе ги слушнете сите аргументи“, рече премиерот во изјава медиумите по денешната прес-конференција.

Во врска со можната кривична одговорност на Коцевски за изнесување информации од судски постапки, како што беше наведено во предлогот на Министерството за правда, Мицкоски рече дека треба да се повикаат на Уставот за да се констатира каква било кривична одговорност. 

„Тука треба да се повикаме на Уставот и за да констатираме каква било кривична одговорност, ќе треба правилно да го читаме Уставот и потоа да носиме заклучоци. Но, факт е дека граѓаните имаат најниска доверба во правосудниот систем и како таква ние мора да ја лоцираме. Не можеме да зборуваме во метафори, или да зборуваме дифузно, мора јасно да ја лоцираме одговорноста зошто е тоа така. Доколку првите луѓе немаат одговорност, не знам кој е тој што би требало да има“, рече Мицкоски.

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. По завршување на владините процедури, предлогот ќе биде испратен до Советот за јавни обвинители од каде согласно законските рокови Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена. Ако Советот од оправдани причини во определениот рок не достави мислење до Владата рокот се продолжува за уште 15 дена. Доколку и во овој рок Советот не достави мислење, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата. По добивање на мислењето од СЈОРМ, Владата го доставува предлогот за разрешување до Парламентот, кој ја носи конечната одлука.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Премиерот Мицкоски утре во Неготино: Современ градски пазар, комунална инфраструктура

Следно

Фетаи: Коцевски треба веднаш да се разреши, го изгуби кредибилитетот

Latest from Blog

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар
Go toTop