ФБИ: Нема врска меѓу нападот во Њу Орлеанс и експлозијата во Лас Вегас

January 2, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Не постои дефинитивна врска помеѓу смртоносниот напад за време на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс и нападот со автомобил-бомба пред хотелот ‘Trump International’ во Лас Вегас, изјави денес заменик-помошникот директор на ФБИ, Кристофер Раја, известува Анадолу.

Во Њу Орлеанс, возач влета со пикап во толпата на улицата ‘Бурбон’ за време на новогодишната ноќ, убивајќи најмалку 15 луѓе и повредувајќи повеќе од 30.

ФБИ соопшти дека осомничениот е идентификуван како Шамсуд-Дин Џабар (42) од Тексас.

Во Лас Вегас, Невада, едно лице загина, а седум се повредени откако возилото ‘Tesla Cybertruck’ експлодираше пред хотелот „Трамп интернешенел“, кој е во сопственост на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Раја нападот во Њу Орлеанс го нарече „терористички чин“.

„Тоа беше однапред смислен, злобен чин“, додаде претставникот на ФБИ.

Тој истракна дека во овој момент не оценуваат дека некој друг бил вмешан во нападот, освен Шамсуд-Дин Џабар, воен ветеран, кој бил убиен за време на престрелката со полицијата.

Официјални лица изјавија дека тој бил целосно „инспириран“ од ДЕАШ.

„Како што знаете, најдовме знаме на ДЕАШ во возилото. Џабар на социјалните мрежи објави дека ја поддржува терористичката организација, додека одел во Њу Орлеанс“, рече Раја.

Се проверуваат три мобилни телефони поврзани со Џабар, како и два лаптопи.

„ФБИ не верува дека јавноста околу Њу Орлеанс е во опасност“, додаде Раја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Директорот на АНБ доби НАТО сертификат

Следно

Туркије неутрализира 3.070 терористи во Сирија и Ирак во 2024 година

Latest from Blog

ВЛЕН: Ги решаваме проблемите што ДУИ ги остави 20 години

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека протестот на студентите повторно ја разоткрил, како што велат, политиката на ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека две децении оставала нерешени проблеми поврзани со употребата на албанскиот јазик. Од

Кина купува 200 авиони „Боинг“,

Договорот става крај на речиси децениската неофицијална забрана за продажба на авиони „Боинг“ на Кина, објави Си-Ен-Ен . Преговори за царинско и трговско примирје Кинеското Министерство за трговија соопшти дека САД и Кина преговараат

Македонски Концепт: Политиката на ДУИ нема иднина во Македонија

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ ги осудува партиските протести на левичарската ДУИ, организирани по нарачка и за потребите на Белград Македонски Концепт најостро ги осудува партиските протести во Скопје, кои не беа студентски и граѓански,

„МОРА ДА ГИ ЗЕМЕТЕ РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ“ Ангела Меркел жестоко ја критикуваше Европа поради Украина, а го спомена и Трамп

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја критикуваше Европската Унија за тоа што не го искористи својот дипломатски потенцијал за да помогне во прекинувањето на руската инвазија на Украина, објави Политико. – Мислам

Осум од десет жени со рак во Македонија почнуваат лекување предоцна

Осум од десет жени во земјава го почнуваат лекувањето од рак во подоцнежна фаза на болеста, покажува ревизорскиот извештај за програмите за рана детекција и скрининг на малигни заболувања. „Наместо навремено откривање,
Go toTop