Фаризи во 24 анализа: Случајот со дискотеката треба да се истражува од почеток, бидејќи објектот работи 15 години

March 17, 2025
1 min read

Инспекторот Љуљзим Фаризи во 24 анализа рече дека гневот кој се јавува кај народот поради пожарот во дискотеката во Кочани е оправдан. Според него, овој случај треба да се подели во три етапи и да се постапува со ладни глави.

ој зборуваше и за тоа дека целиот случај треба да се истражува од назад бидејќи како што рече таа дискотека работи 15 години.

„Овој гнев кај народот, тоа е гнев на се она што се случува и на сите трагедии и мислам дека треба да бидеме похумани за да не ги загрееме дополнителни страсти. Ова трагедија треба да се подели на три дела. Прво институциите да работат и истражуваат, второ политиката да биде подалеку од мешање во оваа ситуација бидејќи дополнително може да ги загрее стартсите и да бидеме хумани кон тие луѓе кои загинале. На овие три дела треба да се придржуваме, се додека на поминат овие денови на жалост и да видиме кој е одговорен. Кога ќе помине хуманиот дел, како ќе поминува времето секогаш ќе се сеќаваме, но болката на семејствата е тука. Ќе треба да мислиме со ладни галци. Таа толпа од денеска е емотивна но оправдано е тоа“, рече Фаризи.

Тој објасни и дека случајот покажува дека системот во државата е распаднат.

„Ова што се случи покажува дека системот е распаднат, јас долго работам во оваа институција и кога почнаа да се прават реформите во 2011, знам за какви реформи се зборуваше. Во 2014 направивме реформи и институциите и инспекторите се поделија од министерствата и се направи инспекциски совет. Сега во 2024 се враќаме назад и според мене не е добар чекор бидејќи мислам дека треба да се реорганизираме и сега ова ни се случи кога се прави трансформација. Таа реформа од 2014 не уназадува, ние имаме план за работа и ако си на работа не смееш да влезеш во одреден локал без налог. На централно ниво дозволата за работа се дава од Министерството за економија и треба да се анализираат во континуитет сите бидејќи таа дискотека работи 15 години. Мислам дека треба да се фатат по ред сите. За да земеш дозвола од Министерството за економија треба да исполниш одредени услови и треба да се анализара таа состојба и да одговорат сите“, додаде Фаризи.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Завршен распитот на Папазов, дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката

Следно

Тројца повредени во пожарот во Кочани со воен авион се префрлени вечерва на лекување во Грција

Latest from Blog

Димитровски: Битола добива нова инфраструктура и модерни спортски капацитети

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека во првите шест месеци од новиот мандат на градоначалникот Тони Коњановски, општината се фокусирала на реализација на ветените проекти, за кои била обезбедена значителна

Проданоски: Херојството од „Диво Насеље“ никогаш нема да биде заборавено

Со длабока почит денеска беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Ненад Серафимоски, најмладиот припадник на специјалната антитерористичка единица „Тигри“, кој на 9 мај 2015 година го загуби животот во настаните кај

Средношколец од Прилеп 4 години лажно се претставувал како наставник

Прилепската полиција поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат“. Пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик во

Исто како и лани: Ал-Келаифи повторно ќе води 500 вработени во ПСЖ на финалето во ЛШ!

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, уште еднаш ја демонстрираше својата дарежливост со гест достоен за восхит. Тој одлучи да ја повтори својата иницијатива од минатата година и да награди
Go toTop