Завршен распитот на Папазов, дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката

March 17, 2025
1 min read

Обвинителството вечерва соопшти дека распитот на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов е завршен и дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.

-Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката, информираат од Обвинителството.

Градоначалникот на Кочани денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Во моментот се врши распит и на други лица за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 59 лица.

На распит во Основниот суд во Кочани донесени се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ОЈО: Градоначалникот на Кочани дал исказ, се утврдува неговата улога во постапката 

Следно

Фаризи во 24 анализа: Случајот со дискотеката треба да се истражува од почеток, бидејќи објектот работи 15 години

Latest from Blog

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.

Општина Битола стартува со целосна обнова на „Дебарска“, инвестиција вредна над 37 милиони денари

Последиците од 30 годишната негрижа за улицата “Дебарска”, денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да
Go toTop