Фахретин Алтун повторно назначен за директор за комуникации при турското Претседателство

June 9, 2023
1 min read

ТОРОНТО (АА) – Фахретин Алтун повторно е назначен за директор за комуникации при турското Претседателство, објавено е во Службениот весник рано утринава, јавува Анадолу.

Алтун на Твитер му се заблагодари на претседателот Реџеп Таип Ердоган, нагласувајќи ги единството и соработката.

„Би сакал да изразам благодарност до нашиот претседател, г. Реџеп Таип Ердоган, кој уште еднаш ми ја довери должноста директор за комуникации.“

„Во согласност со визијата на нашиот претседател, ќе работиме заедно за нашите цели за ‘Столетието на Туркије’ и ќе ја продолжиме нашата борба за вистината. Нека Алах секогаш ги чува нашето единство и солидарност“, истакна тој.

Алтун (47) првпат за директор за комуникации на Претседателството беше назначен од претседателот Ердоган на 25 јули 2018 година.

Ангажиран во истражувањата во областа на политичката комуникација, социологијата на медиумите и комуникациите, политичката социологија и културните студии, Алтун докторира во областа медиумски филозофии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Матео Ковачиќ ги договори личните услови со Манчестер Сити

Следно

Нови дојави за бомби во училишта ширум Црна Гора: Откажано екстерното за деветтоодделенците, наставата онлајн

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop