Нови дојави за бомби во училишта ширум Црна Гора: Откажано екстерното за деветтоодделенците, наставата онлајн

June 9, 2023
1 min read

Евакуирани, како што се додава, се и повеќе градинки во главниот град на земјата, Подговорица, поради наводно поставени експлозивни направи

Нови закани за поставени експлозивни направи утрово пристигнале на електронските адреси на повеќе училишта ширум Црна Гора, јавуваат тамошните медиуми.

Екипи на црногорската полиција (Илустративна фотографија)/Фото: Твитер

Министерството за образование на Црна Гора соопшти дека поради заканите наставата во училиштата во змејата денеска ќе се одржува онлајн, а откажано е и екстерното тестирање за учениците кои завршуваат деветто одделение, пишува „Вијести“.

Евакуирани, како што се додава, се и повеќе градинки во главниот град на земјата, Подговорица поради наводно поставени експлозивни направи.

Полицијата на Црна Гора ги презема сите активности од своја надлежност во врска со дојавите за поставени експлозивни направи во повеќе институции“,

се наведува во објавата на полицијата на Твитер, по дојавите за поставени бомби утрово.

Повеќе училишта, судови, општини и институции во Црна Гора и вчера беа цел на дојави за поставени бомби. Поради закана за поставена експлозивна направа беше евакуирана и зградата на црногорскиот парламент.

По целодневните проверки, полицијата соопшти дека бил извршен увид на 165 локации е утврдено дека станува збор за лажни дојави.

Од црногорското министерство за внатрешни работи, исто така соопштија дека се работи на идентификување на ај-пи адресата од која се испратени електронските поради со заканувачка содржина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фахретин Алтун повторно назначен за директор за комуникации при турското Претседателство

Следно

Ибрахимовиќ состави тим од своите поранешни соиграчи

Latest from Blog

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден град

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Мицкоски за Љуботенски бачила: Жртвата на бранителите е трајно потсетување дека мирот има своја цена

Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина објави

Министерство за финансии: 41 проект ќе биде основа за капиталните инвестиции во 2027 година

10 август 2026, Скопје – Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции

Бошко Ѓуровски повикува на полн стадион на дуелот Црвена Звезда – Хапоел

Некогашниот македонски селектор, и неспомнено наша фудбалска легенда, Бошко Ѓуровски денеска излезе со изјава во медиумите во Србија со која повикува на масовна посетеност на дуелот од третото квалификациско коло од Лигата
Go toTop