ЕВТИМОВ, ВИТАНОВ, ПЕТКОВСКИ, МИЛОШЕВСКА-ПОПОВ И ХРВАТОТ ПЕНОВИЌ ЌЕ РЕЖИРААТ ГОДИНАВА ВО СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР

February 14, 2025
1 min read

Иван Пеновиќ од Хрватска, Синиша Евтимов, Ненад Витанов, Филип Петковски и Драгана Милошевска-Попов годинава ќе режираат претстави во Драмскот театар во Скопје, соопштија од театарот по денешниот состанок на Управниот одбор. Драмски театар доби буџет од 95.885 евра (5,9 милиони денари) за реализација на пет претстави во 2025, согласно одлуката на Министерството за култура и туризам, годинава 18 национални установи да добијат делегиран буџет.

Според Законот за култура, годишната програма за работа на националните установи на кои им е наменет делегираниот буџет ја донесуваат директорите на установата, по претходна согласност на Управниот одбор во рок од 15 дена од донесување на решението, по што Министерството за култура и туризам и директорот склучуваат договор за финансирање на годишната програма за работа на Националната установа. Својата програма националните установи треба да ја објават на својата веб-страница.

„Средствата ќе бидат распределени крајно избалансирано и одговорно согласно неопходните естетски критериуми кои мора да  соодветствуваат на нивото и реномето на Драмски“, велат од театарот.

Најмногу пари, 32.503 евра (2 милиона денари) доби „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна“ од авторот Душан Јовановиќ, во режија на  Пеновиќ,  голем копродукциски проект помеѓу неколку ансамбли, членки на Регионалната унија на театри – РУТА:  Драмски театар Скопје, Местно гледалишче од Љубљана (МГЛ), Београдско драмско позориште и  „Град театар“ од Будва.

За претставата на Евтимов „Болва во уво“ од Жорж Фејдо се планира сума од 21. 127 илјади евра (1.3 милиони денари), за претставата „Куршуми над Бродвеј“,  адаптација по филмот на Вуди Ален во режија на Витанов, сума од 19.502 евра (1.2 милиони денари), за „Ифигенија за ништо“, адаптација по текст и режија на  Петковски, објавена е вкупна сума од 13.814 евра (850.000 денари) и претставата „Чворот на Гидон“ од  Џон Адамс во режија на Милошевска-Попов ќе се реализира со вкупна сума од 8.938 евра (550.000 денари).

Во годишната програма поддржана од Министерството за култура и туризам, во делот за организација на манифестации и годинава е планиран фестивалот РУТА. Четвртото издание на фестивалот на Регионалната унија на театри ќе се одржи во Драмски театар од 25 до 30 октомври, со планирана вкупна сума од 24.377 евра (1.5 милиони денари). За ставката меѓународна соработка што ги опфаќа гостувањата на ансамблот на Драмски театар во странство се планирани средства во висина од 32.503 евра (2 милиона денари).

Во делот на издавачка дејност на Драмски, Министерството го поддржува издавањето на „Театарски гласник“ како најзначајна годишна публикација што ја сублимира севкупната продукција на националните театри и драмска програма на најрепрезентативните фестивали во Македонија во една сезона. За издавачка дејност се планирани 2.437 евра (150.000 денари).

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палевски по убиството на Вања и Панче планирал да побегне во Москва

Следно

„Реципрочни“ американски царини: Шефицата на ЕК вели дека „трговските војни и казнените царини немаат смисла“

Latest from Blog

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување
Go toTop