Европа зафатена од екстремен студ, температурата во Финска денес се спушти до -44,3 степени Целзиусови

January 5, 2024
1 min read

АТИНА (АА) – По екстремно топлото и суво лето и топлата есенска сезона, Европа сега е зафатена од екстремен студ, што носи обилни снежни врнежи и поплави, а Финска денес постави нов рекорд на температура од -44,3 степени Целзиусови, јавува Анадолу.

„Во раните утрински часови денес температурите во северозападниот регион Лапонија во Финска паднаа на рекордно ниско ниво од -44,3 Целзиусови степени“, објави јавниот сервис YLE, повикувајќи се на Метеоролошкиот институт на земјата.

Институтот забележа дека температурите под -42 Целзиусови степени се забележани само три пати овој век.

Екстремните временски услови, исто така, предизвикаа прекини во транспортот во главниот град Хелсинки и низ целата земја, при што Финската национална железничка служба (ВР) го прекина железничкиот сообраќај на десетици линии.

Во меѓувреме, потрошувачката на електрична енергија во земјата е на рекордно високо ниво во изминатите неколку дена поради екстремниот студ, а цената на струјата денес се очекува да достигне рекордно високо ниво од 2,35 евра за киловат-час.

„Студениот бран и во Шведска предизвика температурите да паднат под -40 степени Целзиусови во северните делови, при што термометрите покажуваат -43,8 степени на најсеверната метеоролошка станица во земјата Наимака“, соопшти Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт (SHMI).

„Екстремниот студ и снежните врнежи, исто така, предизвикаа хаос на многу од автопатите во земјата“, објави јавниот радиодифузер SVT.

„Слично на тоа, Норвешка денес го доживеа најстудениот период од 2020 година, при што температурите се очекува да паднат до -20 степени Целзиусови во главниот град Осло и -30 степени Целзиусови на истокот на земјата“, соопшти јавниот сервис NHK.

„Данска, која е уште една скандинавска земја, по обилните снежни врнежи вчера и завчера, исто така денес достигна температури под нулата“, според јавниот сервис DR.

Службата на Европската Унија за управување со вонредни состојби „Коперник“ извести дека поплави се сè уште присутни во неколку германски покраини, во Долна Саксонија, Сар и Тирингија, како и во францускиот регион Север-Па-де-Кале, со што зафатени се десетици илјади хектари земја.

Како одговор на тоа активиран е Механизмот на ЕУ за цивилна заштита, а во областите погодени од поплавите во двете земји распоредени се пумпи и бариери за спречување на поплави.

Во врска со неповолните временски услови во Велика Британија, „Би-би-си“ јави дека евакуирани биле уште стотици домови поради невремето и обилните врнежи, особено во Мидлендс, Источна Англија и јужна Англија.

„Обилните врнежи и поплавите, исто така, влијаеа на железничките услуги и автопатскиот сообраќај во неколку делови од земјата“, додаде „Би-би-си“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коледарчиња во Општина Центар

Следно

Полицијата влезе во објекти во Тетово и Охрид – пронајдени 99 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Косово, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија, Казахстан и Македонија 

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop