„Европа и светот прават план како да го скршат ВМРО-ДПМНЕ и пратениците да изгласаат предавнички уставни измени“, кажа Мицкоски од Кичево

August 22, 2023
1 min read

реклама



Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоки, вечерва од Кичево кажа дека Европа и светот прават стратегија како да ги натераат 44 пратеници на партијата да изгласаат, како што ги нарече, предавнички уставни измени.

„Ќе работиме чесно, одговорно и посветено за граѓаните, тоа се современите патриоти. Нема веќе современи патриоти кои ќе напишат 3-4 статуси на Фејсбук. такви нема веќе. На дело, кои ќе ги засикуваат ракавите за ВМРО-ДПМНЕ и пред се за Македонија. Се останато е лага.

реклама

Денеска додека ова го зборувам, ние сме соочени пред историски предизвик. Европа, Светот прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и оние 44 пратеници да изгласаат предавнички уставни измени. Немојте да мислите дека Ковачевски, Ахмети или Османи се тие, и немојте да мислите дека е лесно. Не е лесно. Силна борба се води за да се одбрани честа на македонскиот народ кои овие корумпирани, ситни владини функционерчиња го продадоа македонскиот народ. Ќе се бориме, не знам дали ќе успееме, можеби нас ќе не нема, но ќе се бориме, и ќе издржиме и јас ветувам, уставни измени под бугарски диктат нема да има, тоа го имате од мене како ветување“.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спинели: Алегри ќе го напушти Јувентус

Следно

ИЗЛОЖБАТА СО ЗЛАТНИТЕ МАСКИ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВИ ВО СОФИЈА КАКО „105 ГОДИНИ ОД ТРЕБЕНИШТЕ“

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум
Go toTop