ЕУтаназија на слободата на говорот

July 15, 2023
2 mins read

Следниот месец ќе се случи развој на настаните за кој малку се зборува а може да заврши со огромни последици за јавниот интернет простор ширум планетата. 25 август 2023 година е датумот до кој големите платформи за социјални медиуми ќе треба да започнат целосно да се усогласуваат со Законот за дигитални услуги на Европската унија или DSA. ДСА, меѓу многу други работи, ги обврзува сите „Многу големи онлајн платформи“ (VLOP – Vеry Large Online Platforms), забрзано да отстрануваат нелегални содржини, говор на омраза и тн дезинформации од нивните платформи. Во спротивно, ризикуваат казни до 6% од нивниот годишен глобален приход.

Комисијата досега има составено список од 19 VLOP и VLOSE (Very Large Online Search Engine), повеќето од САД, кои за 50-тина дена ќе треба да започнат со усогласување со ДСА.

VLOP – Vеry Large Online Platforms

Alibaba AliExpress
Amazon Store
Apple AppStore
Booking.com
Facebook
Google Play
Google Maps
Google Shopping
Instagram
LinkedIn
Pinterest
Snapchat
TikTok
Twitter
Wikipedia
YouTube
Zalando

Very Large Online Search Engines:

Bing
Google Search

Помалите платформи ќе треба да почнат да се справуваат со несаканите содржини од 2024 година натаму, под претпоставка дека законодавството ќе биде ефикасно.

 На почетокот на јуни, заменик-претседателката на ЕУ за вредности и транспарентност, Вера Јурова, кристално јасно стави до знаење која земја е таргет за цензурата на ЕУ, зада нема простор за нагаѓања:

Соработката меѓу потписниците и големиот број на нови организации кои сакаат да го потпишат новиот Кодекс на пракса покажуваат дека тој стана ефикасен и динамичен инструмент за борба против дезинформациите. Сепак, напредокот останува премногу бавен во клучните аспекти, особено кога станува збор за справување со про-Кремљ воената пропаганда или независниот пристап до податоци…

Додека се подготвуваме за изборите за ЕУ ​​во 2024 година, ги повикувам платформите да ги зголемат своите напори во борбата против дезинформациите и да се справат со руската манипулација со информации, и тоа на сите земји-членки и јазици, без разлика дали се големи или мали.

ЕУ не остава многу маневарски простор. Кога на почетокот на мај Твитер се повлече од Кодексот на ЕУ за дезинформации, комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, упати жестока опомена и отворена закана:

Неколку дена подоцна, Бретон објави дека ја посетува Силиконската долина за „стрес тест“ на американските технолошки гиганти, вклучително и Твитер, за да види колку се подготвени за лансирањето на Законот за дигитални услуги на 25 август. „Јас ја спроведувам волјата на државата и народот“ рече тој, како да станува збор за исти работи.

Освен Твитер и други големи платформи го немаат потпишано кодот за пракса, вклучувајќи ги Aмазон, Епс и Википедија но ќе станат адреси за задолжителните барања на ДСА, сè додека сакаат да продолжат да работат во Европа. 

Доколку Илон Маск остане верен на својот збор за слободата на говорот и избере да ѝ пркоси на „постојаната работна група за дезинформации“ на ЕУ, кога ДСА целосно ќе стапи на сила, Комисијата ќе мобилизира арсенал на казнени мерки со кои располага, на пример наведените 6% од глобалниот промет на компанијата. Останува погубната опција Твитер да ја напушти ЕУ, како што стриминг платформата Рамбл со седиште во Торонто, во ноември се откажа од Франција откако француската влада им побара да ги отстранат руските извори на вести од својата платформа.

Кога станува збор за масовната дигитална цензура, и Вашингтон е на сличен пат како ЕУ (иако се соочува со со посилен јавен и судски отпор) а тука е Велика Британија која неодамна беше рангирана на третиот кластер на Индексот за цензура, веднаш зад земји како Чиле, Јамајка, Израел и практично сите други западноевропски држави.

Кој во ЕУ ќе може да дефинира што е погрешна информација или дезинформација? Некој можеби се надева дека тоа ќе биде независен регулаторен или судски орган,  со јасни процедурални параметри и без конфликт на интереси. Не. Крајната одлука е кај Европската комисија, онаа забегана извршна власт на ЕУ која е изрешетана од конфликти на интереси а ја води Урсула Фон дер Лајен, заплеткана во Фајзергејт, еден од најголемите корупциски скандали во 64-годишното постоење на комисијата.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оркестарот „Фаме’с“ и виолинистката Ирина Мурезану од Романија на Охридско лето

Следно

Ван дер Сар префрлен во болница во Холандија

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 7 Јануари 2026

ОВЕН Подготвени сте да организирате 10 лица во вашиот дом за Божиќен ручек, а можете да започнете рано наутро, но ќе ви биде важно да имате мирен и непречен социјален собир. Само

БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА ОД ВМРО-ДПМНЕ

„Христовото раѓање е вечен симбол на надежта, светлината и победата на доброто над темнината. Овој голем христијански празник не потсетува на суштинските вредности врз кои се гради едно силно и стабилно општество

Коњановски: Нека Божик донесе мир и благосостојба во секој дом

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски присуствуваше на Божиќната литургија која се одржа во Соборниот храм „Св.Великомаченик Димитриј“ во Битола. На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Како

Божик – празник на Христовото раѓање

Кого и што славиме на Божик? На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Го славиме Неговиот роденден. Бог постанал човек. Бог дошол на земјава. Христос е Син
Go toTop