ЕУ објави листа кој отпад од Еропа може да биде складиран во земјава односно еколошки уништен

February 27, 2025
1 min read

Македонија бара да увезува осумнаесет типови отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од европските земји. Унијата пак ќе ограничува каков отпад може да биде согорен на нејзина територија. Ќе вмеша ли прсти Европската Унија за да му застане на патот на опасниот отпад?

Министерството за животна средина ја доставило листата до Европската комисија, која ќе треба да одлучи дали земјава има капацитет за еколошки безбедно управување со овој отпад.

– По 21 мај 2029 г., земјите кои не се членки на ОЕЦД (Организацијата за економска соработка и развој), а се заинтересирани за увоз на отпад од пластика, ќе бидат поканети да ја известат Европската комисија и да го покажат својот капацитет да управуваат со таков отпад на еколошки здрав начин, со цел да бидат вклучени во листата на земји кои не се членки на ОЕЦД, а во кои отпадот од пластика ќе може да се извезува од ЕУ. Ова барање за увоз на отпад од пластика од ЕУ ќе може да го опфати само неопасниот отпад од пластика (б3011). – МЖСПП.

Од ресорното Министерство дообјаснуваат и дека според новите регулативи на ЕУ, од 2027 година ќе важат построги правила за извоз на неопасен отпад во земји кои не се членки на Организацијата за економска соработка и развој. Меѓутоа, екологистите во земјава со години наназад апелираат за воведување на построги контроли, поради опасноста во земјата да заврши и опасен отпад. 

Инаку, последните податоци покажуваат дека Европа создава многу повеќе отпад отколку што рециклира. Според Европската комисија, пет тони отпад годишно создава во просек секој жител на Европа. Само 38 проценти од отпадот се рециклира, а над 60% од отпадот на домаќинствата сè уште завршува на депонии во некои од земјите на ЕУ. Македонија, во друштво со Србија и Босна и Херцеговина се меѓу 24-те земји што ја информирале Европската комисија за подготвеноста да прифаќаат отпадни материјали од Европската Унија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије очекува ЕУ да преземе конкретни чекори за унапредување на односите

Следно

Зеленски утре во Вашингтон – ќе се потпише ли договорот за американско ползување на украинскиот минерален свет?

Latest from Blog

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Премиерот предупреди: Во владата има луѓе што не го даваат максимумот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа порача дека Владата дава максимум во работењето, но истакна дека кај одредени поединци има дилеми и задршки. „Ние
Go toTop