ЕУ ја казни „Мета“ со рекордни 1,2 милијарда евра поради недоволна заштита на корисничките податоци

May 22, 2023
1 min read

Ирската Комисија за заштита на податоците објави дека компанијата „Мета“, сопственик на Фејсбук, не ја почитувала пресудата од 2020 година на највисокиот суд на ЕУ дека податоците испратени преку Атлантикот се недоволно заштитени од американските разузнавачки агенции

Комисијата за заштита на податоците на Ирска (DPC), главниот регулатор за приватност во Европската Унија, ја казни компанијата „Мета“, сопственик на социјалната мрежа Фејсбук, со рекордни 1,2 милијарда евра поради несоодветен пренос на кориснички податоци од државите на Европската Унија во Соединетите Американски Држави (САД).

Илустративна фотографија со логото на компанијата „Мета“/Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Ирската комисија за заштита на податоците објави дека компанијата не ја почитувала пресудата од 2020 година на највисокиот суд на ЕУ дека податоците испратени преку Атлантикот се недоволно заштитени од американските разузнавачки агенции.

Одлуката која е објавена денеска се однесува само на социјалната мрежа Фејсбук, а не и на Инстаграм и Ватсап (WhatsApp), кои ги поседува „Мета“ на Марк Закерберг.

„Мета“ доби рок од пет месеци да го запре преносот на кориснички податоци од земјите на Европската Унија во САД, пренесува Ројтерс.

Од компанијата најавија дека ќе се жалат на пресудата, која ја сметаат за неправедна и непотребна, но, како што пренесува „Њујорк тајмс“, нема да има прекин на услугите на Фејсбук во Европската Унија.

„Мета“ минатиот месец рече дека очекува новиот договор меѓу ЕУ и САД, кој го регулира безбедното пренесување на податоците на корисниците на ЕУ во САД, целосно да се спроведе пред компанијата да престане да пренесува податоци.

Претходните предупредувања на „Мета“ дека Фејсбук може да биде суспендиран поради забраната од ЕУ нема да се остварат во случај на договор меѓу ЕУ и САД, наведува Ројтерс.

Рамковниот договор за заштита на податоците меѓу ЕУ и САД би можел да биде готов во јули, но „Мета“ предупреди на можно одложување

Инаку, претставниците на САД и ЕУ преговараат за нов договор за споделување податоци што ќе обезбеди нова правна заштита за „Мета“ и континуиран пренос на корисничките податоци меѓу САД и Европа.

Случајот против „Мета“ произлезе од американската политика која им дава можност на разузнавачките агенции да пресретнуваат комуникации од странство, вклучително и оние преку дигиталната кореспонденција.

Европскиот суд на правдата смета дека со тоа се повредуваат основните права на европските корисници.

Во реакцијата од „Мета“ денеска наведуваат дека нивната компанија е „неправедно издвоена поради практиката на споделување податоци што ја користат илјадници компании“.

„Без можност за пренос на податоци преку границите, интернетот може да се подели на национални и регионални силоси, ограничувајќи ја глобалната економија и оставајќи ги граѓаните во различни земји без пристап до многу од заедничките услуги на кои почнавме да се потпираме“, се наведува  дојдовме да се потпреме“,

се наведува во реакцијата од „Мета“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пашинјан: Ерменија подготвена да го признае Нагорно Карабах како дел од Азербејџан

Следно

СО ИЗЛОЖБА ЗА МАРТИНОСКИ И КОНЦЕРТ НА БИТОЛСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР, В ПЕТОК ПОЧНУВА ПРОГРАМАТА ОД „КРУШЕВО – ГРАД НА КУЛТУРАТА“

Latest from Blog

Депортиво и Елче ги поделија бодовите

Во единствениот меч од денешката Примера програма екипата на Депортиво Ла Коруња на домашен терен не успеа да ја искористи предноста на својата публика и одигра 1:1, со тимот на Елче. Домаќинот

Русија е во потрага по синот на американскиот министер за здравство- се борел на страната на Украина

Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија. Неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди помладиот, ја презеде

Државата ќе продава скоро 1.000 хаварисани возила – одат на лицитација како старо железо, еве кои се условите за купување

Агенцијата за управување со одземен имот става на продажба дури скор 1.000 хаварисани возила, кои ќе се нудат во еден закупен пакет исклучиво за третман како отпаден материјал. Возниот парк од конфискувани

Тимот на Инфантино се распаѓа, Кевин Ламур си поднесе оставка

Оперативниот директор на ФИФА, Кевин Ламур, инаку еден од најблиските соработници на претседателот на кровната фудбалска институција во светот, си замина од функцијата односно си поднесе оставка. Потегот се случува по серијата

Венецуела бара од Британија да им врати 31 тон злато, вредно 4 милијарди долари

Средствата се наменети за обнова на земјата по катастрофалните земјотреси во јуни. Реткиот консензус е постигнат по две недели преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, а целта е да се деблокираат
Go toTop