ЕУ издвојува 116 милиони евра за засолништа во Туркије и 5 земји членки

April 4, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) мобилизираше над 116 милиони евра за купување на засолништа за итни случаи за Туркије и пет земји членки на ЕУ, јавува Анадолу.

„Со цел да се развијат резерви на засолништа за Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, Унијата додели 116,6 милиони евра за Хрватска, Полска, Словенија, Шпанија, Шведска и Туркије“, објави Балаш Ујвари, портпарол за управување со кризи, на прес-конференцијата на ЕУ.

„Со финансиската поддршка, земјите ќе можат да ги развијат своите резерви за итни случаи што би обезбедило засолниште за илјадници луѓе“, појасни тој.

Засолништата ќе бидат опремени со кујна и санитарни јазли и се приспособени на потребите на децата и лицата со посебни потреби.

Првите засолништа ќе можат да се користат почнувајќи од 2024 година.

Туркије, која е членка на Механизмот за итни случаи на ЕУ, брзо прими помош по разорниот земјотрес во февруари оваа година, во кој загинаа повеќе од 50.000 лица.

Туркије исто така е кандидат за членство во ЕУ од 1999 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковид вакцините не се потребни за здрави деца и тинејџери, ако ја прашуваш СЗО

Следно

Четири лица под истрага за неовластено набавување и пренесување на кокаин

Latest from Blog

Мицкоски: Никој нема право семејна трагедија да ја користи за политички поени

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска реагираше на прес-конференцијата на претседателката на Форумот на жени на СДСМ, оценувајќи дека трагичниот настан во скопската населба Карпош се користи за политички напади.

Пеп Гвардиола шокиран од одлуката на Манчестер Сити!

Времето на Гвардиола во Манчестер Сити и неговата доминација со овој клуб, произведе некои од најдобрите играчи во Премиер-лигата досега. Сепак, англиските медиуми тврдат дека челниците на клубот донеле одлука што, благо
Go toTop