ЕУ ги анализира мотивите на Приштина за прогласување на еврото за единствено платежно средство во Косово

January 19, 2024
1 min read

ЕУ се уште ги анализира и ги бара разјаснување за причините, мотивите и можните последици од одлуката на властите во Приштина за прогласување на еврото како единствена валута што ќе се користи во Косово, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

-Во основа, од Косово и Србија се очекува да избегнуваат преземање на некоординирани постапки кои не придонесуваат за нормализација на односите и кои може да имаат негативно влијание врз стабилноста на теренот, изјави Стано во одговор на новинарско прашање за ставот на ЕУ во врска со одлуката на Приштина „за забрана на користењето на други валути освен еврото во Косово“.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Стано додаде и дека ЕУ ги повикува двете страни ова прашање да го решаваат во рамки на дијалогот, што се спроведува под нејзино покровителство.

Косовската Централна банка донесе уредба според која од 1 февруари единствена валута што ќе се користи во готовина и за платежни трансакции во Косово ќе биде еврото.

Еврото и сега се користи како валута во најголемиот дел на Косово, освен во реоните каде мнозинството од населението се Срби, каде во употреба е српскиот динар. Во општините со српско мнозинство на северот од Косово, во динари се исплаќаат платите на вработените во државните институции, пензиите, детските додатоци или социјалната помош, а и цените во трговските објекти се изразени во српската национална валута.  (МИА)

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Православните христијани денеска го празнуваат Водици, голема посетеност и на манифестацијата во Охрид

Следно

ОН: Меѓу 25.000 убиени во Газа, 70 отсто се деца и жени

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop