Православните христијани денеска го празнуваат Водици, голема посетеност и на манифестацијата во Охрид

January 19, 2024
1 min read

Охрид и годинава беше најпосетеното место за празникот Богојавление Водици, како и најатрактивно за скокање по светиот крст во водите на Охридското езеро. Помеѓу повеќе од 500 капачи,најбрз беше 29 годишниот Никола Јакимоски, кој прв пат го фаќа крстот.

„Секогаш е тешко да се капиш во ладни води но желбата да се фати крстот е поголема од тешкотиите. Очекувам здравје, среќа, напредок, убавини на сите полиња, свадби и дечиња“, рече Јакимоски.

Градоначалникот вели дека централната манифестација поради масовноста треба да биде во Охрид.

„Ние како држава треба да направиме многу повеќе за овој ден и за овој настан, бидејки има сериозен потенцијал.Размислуваме ова треба да се воздигнува.Треба за нијанса едно поголемо внимание,затоа што покрај верски има и огромен туристички потенцијал за Охрид.Не дека го немаме но претежно е поврзан со туристи од Македонија, а има многу поголем потенцијал“, рече Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

И покрај студената езерска вода чија што темепература беше само 8 степени дојдоа капачи и од други градови.

„Со другари дојдовме организирано од Битола.Околку осум луѓе дојдовме“, вели Бобан Цапески, капач од Битола.

„Го правиме тоа за здравје и среќа и во верба во Битола. Не се чуствува студот. Не е некојси адреналин, но не се чуствува некој студ“, рече Бојан Јанкоски, капач од Битола.

А, медицински тимови интервенирале кај премрзнати капачи.

„Сѐ помина во најдобар ред. Имавме две помали интервенции на извлекување на две деца кои беа премрзнати и неколку интеревенции на медицинските екипи од посекотини“, изјави Сашо Точков, Црвен крст Охрид.

Централната манифестација се одржа во Скопје, каде поглаварот, на МПЦ ОА, г-дин Стефан го фрли крстот во водите на реката Вардар. Најсреќен беше Ѓорѓи Николовски.

„Сѐ најдобро за сите. Господ е голем. Господ гледа сѐ. Посакувам да има единство и да се обедини Македонија и македонскиот народ“, порача Ѓорѓи Николовски, фаќач на крст во Скопје.

Праволсавните христијани денеска го празнуваат празникот Богојавление. На овој ден се смета дека Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Овој празник уште се нарекува и Водици.

Мики Трајковски

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инстаграм ќе испраќа ноќни порака до малолетници: „Доцна е, исклучете ја апликацијата“

Следно

ЕУ ги анализира мотивите на Приштина за прогласување на еврото за единствено платежно средство во Косово

Latest from Blog

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен
Go toTop