ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ПРЕДАВАМ НА МЛАДИ СИЛИ, РЕЧЕ РИСИМА РИСИМКИН НА СПЕКТАКУЛАРНИОТ КРАЈ НА 20. ФЕСТИВАЛ СО ФРАНЦУСКАТА ТРУПА НА МУРАД МЕРЗУКИ

May 18, 2024
1 min read

Моето дете Танц фест пред две години наполни 18 години, годинава 20, и сметам дека е време да оди во рацете на млади сили, рече синоќа уметничката директорка на фестивалот, Рисима Рисимкин, најавувајќи дека се повлекува од организацијата на фестивалот, на затворањето на 20. издание во полната сала на Македонскиот народен театар (МНТ).

Танц фест Скопје е еден од најомилените настани на македонската публика, кој 20 години носи светски кореографи, реномирани театарски компании, прогресивни автори, исклучителни танчари, овозможувајќи еден од ретките моменти да бидеме привилегирани со пристап до светски релевантна култура.

Синоќешното затворање на јубилејното издание на Танц фест беше една ретко емотивна, топла уметничка вечер, во која публиката со долги овации ги поздрави и Рисимкин, и Бранко Чобанов, икона во 50-годишното постоење на Францускиот културен центар во Скопје кој заминува во пензија, и танчарите од француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“ на Мурад Мерзуки, еден од најзначајните светски кореографи.

Сцена од „Мозаик“.  (Фото: Ѓ. Личовски)

Мерзуки важи еден од најзначајните кореографи со светско реноме, а француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворањето на Олимписките игри 2024 во јули, насловена „Танцот на игрите“.

Гостувањето на трупата „Кафиг“ беше дел и од прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје.

(Фото: Ѓ. Личовски)

Директорот на Францускиот институт Иго Бештел и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер потсетија на основањето на Институтот, како најстара странска културна институција во земјава, како и на сите гостувања на француски уметници во земјава. Двајцата дипломати со посебен пиетет му се заблагодарија на Бранко Чобанов од амбасадата, кој е многу повеќе од нивен официјален преведувач, за сѐ што има сторено за француско-македонските односи, најавувајќи го и неговото заинување во пензија.

„Мозаик“ беше совршено финале на јубилејното издание на Танц фест. Танцувајќи на електронска, ориентална, класична и хип- хоп музика, петмината танчари изведуваа лелеави танци инпирирани од брејк-денс, докажувајќи ѝ и на македонската публика каков творец-алхемичар е Мерзуки. Со кореографски спремен поклон и танцување до крај, танчарите заслужија искрени и долги овации од публиката. Уметничкиот преплет, насловен „Мозаик“ ги содржи најдобрите дела од неговиот репертоар.

„Ова е крај на 20. Танц фест Скопје, но почеток на следното издание во рацете на Матеа Мијановиќ, Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Анастасија Данчевска. Се надевам дека и следните 20 години ќе ги следите“, рече Рисимкин.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прифатени се нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени

Следно

Македонскиот борач Марио Ананиев го освои бронзениот медал на Европското првенство У15

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop