Ердоган: „Заедно ќе го градиме ‘Столетието на Туркије’“

June 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Сите 85 милиони турски граѓани заедно ќе го градат „Столетието на Туркије“, истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Ќе имплементираме два концепта – стабилност и доверба. Ќе го градиме Столетието на Туркије со стабилност и доверба“, рече Ердоган по првиот состанок на неговиот нов Кабинет во главниот град Анкара.

Во Туркије на 28 мај се одржа втор круг претседателски избори, откако ниту еден кандидат не обезбеди повеќе од 50 отсто гласови потребни за победа во првиот круг што се одржа на 14 мај.

Ердоган победи на изборите со освоени 52,18 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу освои 47,82 отсто, според официјалните резултати.

Турскиот претседател во саботата го претстави својот нов Кабинет по инаугурацијата во Анкара.

„На овие избори, сите во Туркије победија со нас и со нашиот сојуз. Без оглед на нивните политички преференции, секој од 85-те милиони победи“, рече Ердоган.

Тој истакна дека нацијата ја сочува својата волја и иднината со рекордното учество и на изборите на 14 и на 28 мај, и додаде дека турската демократија стана референтна точка за светот.

Ердоган нагласи дека ќе продолжи да работи за земјата без да исклучува ниеден граѓанин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гвардиола: Кога мојот тим губи јас грешам, ако победиме тогаш сум во право

Следно

Зеленски: „Украина ќе подготви инфраструктура за борбените авиони Ф-16“

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop