Ердоган задоволен: Успешно го организиравме финалето од Лигата на шампиони

June 11, 2023
1 min read

Стадионот на кој се одигра синоќешното финале почнал да се гради во 1999 година со цел Турција да се квалификува во трката да биде домаќин на Олимписките игри во 2008 година. Но, тоа беше залудно бидејќи не ѝ беше доделена организацијата на игрите иако во изградбата вложи 350 милиони евра. Тој им беше адут на Турците и во барањата за организација на европските првенства во 2012 и 2016, но ниту нив не ги добија

Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

По синоќешното финале од Лигата на шампионите кое се одигра на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, доцна во ноќта се огласи и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој му честиташе на победничкиот тим на Мачестер Сити и оцени дека организацијата од страна на Турција била успешна.

„Му честитам на тимот на Манчестер Сити кој ја освои шампионската титула во финалето од Лигата на шампионите, еден од најголемите спортски настани во светот што се одржа на Олимпискиот стадион ’Ататурк‘ во Истанбул – зеницата во окото на Турција и колевката на цивилизацијата. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои уште еднаш го докажаа гостопримството на Турција и придонесоа за непречено и успешно организирање на овој голем настан“,

напиша Ердоган на социјалните мрежи.

Во синоќешното финале на Лигата на шампиони, фудбалерите на Манчестер Сити славеа со 1:0 против Интер.

Олимпискиот стадион „Ататурк“ е импозантен спортски објект со кој располага Турција. Има капацитет од 75 000 гледачи. Првично собирал 80 000, но по три гони тој е намален бидејќи од петте илјади места кои биле скратени не можело да се следи што се случува на теренот.

Стадионот почнал да се гради во 1999 година со цел Турција да се квалификува во трката да биде домаќин на Олимписките игри во 2008 година. Но, тоа беше залудно бидејќи не ѝ беше доделена организацијата на игрите иако во изградбата вложи 350 милиони евра.

Стадионот, кој беше отворен во 2002 година со меч помеѓу грчки Олимпијакос и турски Галатасарај, подоцна им беше адут на Турците во барањето да ги организираат европските фудбалски првенства во 2012 и 2016 година, но ниту нив не успеаја да ги добијат.

Пред вчерашното финале, најважниот спортски настан одржан на овој стадион беше уште едно финале од Лигата на шампиони кога во 2005 се соочија Милан и Ливерпул кога англискиот тим стана европски шампион.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кој прифатил уставни измени, а кој го замајува членството – партиите со нови преписки

Следно

Инзаги: Им честитав на моите фудбалери, тие беа одлични и имаа одличен натпревар

Latest from Blog

Општина Битола: Буџет по мерка на граѓаните – започнуваат буџетските форуми

Општина Битола ги известува жителите на општината дека започнува со организација на буџетски форуми во заедницата со цел заедничко планирање на општинскиот буџет за 2027 година. Првата работна сесија од буџетскиот форум

Николоски: Планираме девет нови воза и пет електрични локомотиви во следните две до три години

Преку ИПА 3 програма на ЕУ планираме да ја реконструираме, надградиме и електрифицираме пругата од Велес до Битола, истакна во емисијата “Само Интервју” на ТВ Канал 5, заменик претседателот на Владaта и

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина

Костовски продолжува со трансформацијата на населбата Скопје Север, целосна реконструкција на улицата „Костурска“.

Општина Бутел започна со целосна реконструкција на двата паркинга во населбата Скопје Север. Проектот има за цел подобрување на условите за паркирање и уредување на јавните површини за жителите. Градоначалникот на Општина
Go toTop