Ердоган за вестите за израелски напади врз Иран: Двете страни даваат различни изјави

April 19, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека и Израел и Иран даваат различни изјави во врска со вестите за израелски напад врз Иран рано утрово, како и дека има нејаснотии, јавува Анадолу.

„Во моментов, Израел кажува различни работи, а Иран исто така изнесува различни ставови, односно нема јасна изјава за тоа што се случило“, изјави Ердоган за новинарите во Истанбул.

Тензиите меѓу Иран и Израел ескалираа во саботата, откако Техеран изврши напад со беспилотни летала и ракети како одговор на нападот на иранскиот Конзулат во Сирија на 1 април, во кој загинаа седум ирански воени офицери, од кои двајца команданти од највисок ранг.

Според јавувањата на американските медиуми, Израел извршил „ограничен напад“ во Иран рано утрово. Сè уште нема официјални изјави од Израел.

Ердоган, исто така, ја критикуваше одлуката на САД за вето на кандидатурата на Палестина за полноправно членство во Обединетите нации (ОН).

Во Советот за безбедност на ОН, „видовме дека САД стојат покрај Израел со ставањето вето на кандидатурата за полноправно членство на Палестина“, додаде тој.

„Додека сите застанаа покрај Палестина (во однос на нејзиното полноправно членство во ОН), за жал, САД го покажаа својот став застанувајќи на страната на Израел“, рече тој.

Коментирајќи за претстојната посета на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Туркије „како еден вид возвратна посета“, Ердоган рече дека посетата ќе биде „значајна пресвртница“ во билатералните односи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блинкен: САД не можат да поддржат голема израелска воена операција во Рафа

Следно

Тв серијал „Од неформалната страна со претседателските кандидати“- Маским Димитриевски

Latest from Blog

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од

ВЛЕН: Дали ДУИ станува антизападна партија?

Коалицијата ВЛЕН остро реагираше на, како што велат, скандалозната изјава на пратеник на ДУИ, со која директно биле навредени стратешките меѓународни партнери на државата – САД и Европската Унија. Од ВЛЕН посочуваат
Go toTop