Блинкен: САД не можат да поддржат голема израелска воена операција во Рафа

1 min read

ЛОНДОН (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го повтори ставот на Соединетите Американски Држави (САД) за планираната воена офанзива на Израел во Рафа, велејќи дека Вашингтон не може да поддржи голема операција во тој град на јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Бевме многу јасни за ова. Претседателот Џо Бајден беше многу јасен за ова. Не можеме да поддржиме голема воена операција во Рафа“, рече Блинкен на прес-конференција по состанокот на министрите на Г7 во Италија.

Блинкен, исто така, рече дека големата израелска воена операција ќе има „страшни последици“ за раселеното население во Рафа.

Израелските власти најавуваат дека ќе го нападнат Рафа, домот на 1,4 милиони Палестинци.

Запрашан за наводниот напад на Израел врз Иран утрово, Блинкен рече дека не сака да зборува за тоа, но дека може да каже дека САД не се вмешани во такво нешто.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Милановиќ не може да биде ниту мандатар, ниту премиер, дури и ако поднесе оставка

Следно

Ердоган за вестите за израелски напади врз Иран: Двете страни даваат различни изјави

Latest from Blog