Ердоган во Багдад се состана со ирачкиот претседател Рашид

April 22, 2024
1 min read

БАГДАД (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на посетата на Багдад оствари средба со ирачкиот претседател Абдул Латиф Рашид, јавува Анадолу.

Средбата во Багдадската палата беше затворена за новинарите.

Турскиот претседател Ердоган денеска пристигна во официјална посета на Багдад, главниот град на Ирак.

Во делегацијата предводена од Ердоган, меѓу останатите се и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, министерот за одбрана Јашар Ѓулер, министерот за трговија Омер Болат, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар ​​и шефот на Директоратот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун.

Ердоган во рамките на неговата еднодневна посета на Багдад ќе оствари средба и со премиерот Мухамед Шија ал Судани.

Ердоган и Ал Судани потоа ќе одржат заедничка прес-конференција, а планирано е да се потпишат бројни договори меѓу двете држави.

Турскиот претседател ќе го посети и Ербил во рамки на посетата на Ирак.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските напади врз Газа продолжуваат 199 ден: Бројот на загинати Палестинци достигна 34.151

Следно

Изборните неработни денови „главоболка“ за родителите и приватниците

Latest from Blog

ЛШ плеј-оф: Серафимов и Левски одиграа 0:0 против АЕК, и Динамо Загреб и Фенер без победа на свој терен!

ФОТО:facebook.com/levskiofficial/ Вечерва се одиграа првите три меча од плеј – офот во Лигата на Шампионите. За нас секако најинтересни беа случувањата во Софија каде во првиот дуел силите ги одмерија Левски и

Младите пијат сè помалку алкохол (како не им е срам) – Што велат трендовите во Македонија

Светските медиуми имаат нова омилена рубрика за „трач“ вести, поврзани со пијачките навики или недостигот од нив на младата популација, пред се од т.н. Генерација Зет. Натписите понекогаш се преувеличени, односно дека

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците
Go toTop