Ердоган: „Туркискиот свет беше меѓу првите што помогнаа по смртоносните земјотреси во Туркије“

March 16, 2023
2 mins read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека туркискиот свет бил меѓу првите што помогнале по смртоносните земјотреси на 6 февруари во јужна Туркије, јавува Анадолу.

„Повикавме меѓународна помош. Туркискиот свет беше меѓу првите што помогна. Не нѐ оставивте сами во нашиот најтежок момент“, нагласи Ердоган.

„Нашата сакана нација никогаш нема да ја заборави вашата поддршка“, рече Ердоган на отворањето на вонредниот самит на лидерите на Организацијата на туркиски држави (ОТС) во претседателскиот комплекс во главниот град Анкара.

Тој додаде дека туркискиот свет испратил тимови за пребарување и спасување и основал теренски болници, додавајќи: „Вие помогнавте во лекувањето на нашите ранети.“

На 6 февруари земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 11 града – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа, одземајќи им ги животите на речиси 50.000 луѓе.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу други во северна Сирија.

„Уште еднаш ќе покажеме на највисоко ниво дека туркискиот свет е со едно срце и дека е единствен“, рече Ердоган.

„За време на самитот, што ќе се фокусира на управувањето со катастрофи и вонредни состојби и хуманитарна помош, лидерите ќе елаборираат за мултилатералната соработка и механизмите за координација во борбата против катастрофи и ќе одржат консултации за актуелните предизвици во регионот“, се вели во соопштението на Организацијата.

ОТС, порано наречена Туркиски совет, е меѓународна организација што се состои од истакнати независни туркиски земји што работат заедно за да ги подигнат односите и унијата меѓу себе.

Нејзини членки се Туркије, Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Узбекистан. Европската држава Унгарија, Туркменистан и Турската Република Северен Кипар имаат статус на набљудувач.

– ОТС станува „уште посилна“ со учеството во ТРСК

Ердоган изјави дека Организацијата презела важни чекори за зголемување на трговската и економската интеграција за време на минатогодишниот самит во Узбекистан.

„Формирањето на туркискиот инвестициски фонд, чијшто основачки договор ќе биде потпишан денеска, е еден од овие чекори“, рече Ердоган на самитот во Анкара.

„Туркиските земји постигнаа „клучна позиција“ во енергетската безбедност“, додаде тој, велејќи: „До денес, успешно реализиравме сеопфатни проекти во областа на нафтата, природниот гас и електричната енергија со земјите од туркискиот свет во Каспискиот Басен.“

Претседателот рече дека верува оти Организацијата на туркиските земји ќе преземе „стратешка улога“ во обезбедувањето на енергетската безбедност, како и во развојот на регионалниот транспорт и синџирите на снабдување.

Осврнувајќи се на ТРСК, која доби статус на набљудувач за време на минатогодишниот самит во Узбекистан, Ердоган рече дека по учеството на ТРСК, Организацијата станала „уште посилна“.

„Како Организација на туркиски земји ја отелотворивме нашата силна и решителна поддршка за кипарскиот турски народ. Ќе продолжиме да се бориме за признавање на ТРСК и укинување на ограничувањата“, рече Ердоган.

Во врска со тековната руско-украинска војна, Ердоган рече дека Туркије ќе продолжи со напорите да ги врати страните на преговарачка маса.

„Јас сум во редовен контакт со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Владимир Зеленски. Договорот за транспорт на жито по Црното Море, за кој посредувавме, и размената на затвореници покажаа дека страните може да се договорат“, додаде тој.

На завршниот говор на вонредниот самит, Ердоган рече: „Верувам дека со солидарност и соработка ќе го надминеме овој тежок процес, во кој ги лечиме раните од катастрофата од земјотресот.“

Тој додаде дека денешните консултации ќе бидат корисни за зголемување на нивото на подготвеност на туркискиот свет за катастрофи и за зајакнување на соработката на ова поле.

По самитот, лидерите ја потпишаа декларацијата од Анкара.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Комисија за употреба на имиња на личности даде негативна оцена за името на бугарскиот клуб во Битола ,,Иван Михајлов“: Тоа е провокација

Следно

Декларација: Туркиските земји во солидарност со Туркије по големите земјотреси

Latest from Blog

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи

ЛШ: Челзи се „коцкаше“ и едвај извади реми со Карабах, Пафос победи за историја (ВИДЕО)

Уште на стартот на денешните пресметки во Лигата на шампионите бевме сведоци на две изненадувања. Карабаг и Челзи одиграа нерешено 2-2 во Баку, додека Пафос го победи Виљареал со 1-0 во Лимасол.

Меџити: Ахмети ја загуби битката поради две стратегиски грешки

Скопје, 5 ноември – Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во емисијата „Дебат во Шења“, истакна дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, направил две стратегиски грешки на локалните избори. „Првата е што шест-седум

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети. Соговорниците постигнаа консензус за потребата

Околу српскиот парламент распоредени полициски сили: Собири на приврзаници на власта и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад (ВИДЕО)

Поддржувачи на српските власти се собираат попладнево во близина на српскиот парламент и во Пионирски парк, место што спроти Собранието, а се одделени со ограда и голем кордон полиција во опрема за
Go toTop