Ердоган: Туркије е меѓу земјите кои ѝ дадоа најголема поддршка на Палестина и најостра реакција против Израел

March 14, 2024
1 min read

МАРДИН (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека палестинскиот народ е сведок на силната поддршка што Туркије ја дава на палестинската борба, јавува Анадолу.

Ердоган на митингот во Мардин истакна дека и овој Рамазан муслиманите го поминуваат тажни поради бројните судири.

„За жал, болката, драмата и нестабилноста владеат насекаде околу нас. Нашиот сосед Сирија копнее за мир и спокојство веќе 13 години. Етничките и секташките тензии продолжуваат кај нашиот друг сосед Ирак. Крвавата војна меѓу Русија и Украина влезе во третата година. Покрај ова, од октомври се додадени и бруталните напади на терористичката држава Израел врз Газа“, рече Ердоган.

Тој истакна дека Туркије е една од земјите кои од првиот ден ѝ даваат најголема поддршка на Палестина и најостра реакција против Израел.

Додаде дека Туркије со бродови и авиони испратила повеќе од 40.000 тони хуманитарна помош во Појасот Газа.

Претседателот Ердоган потсети и дека во Туркије на лекување се донесени повеќе од 900 болни од рак и ранети Палестинци со нивните семејства.

„Сведок на силната турска поддршка за палестинската борба се нашите палестински браќа. Иако некои од неуките меѓу нас не знаат, угнетениот народ на Газа многу добро го знае правилниот и прониклив став на Таип Ердоган. Оваа борба на нашите палестински браќа за права и правда не ја откривме на 7 октомври. Ние сме во оваа борба уште од нашата младост“, рече Ердоган.

Тој изјави дека ја бранел Палестина и ја поддржувал палестинската кауза во секоја фаза од неговиот полвековен политички живот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дел од персоналот на ОН ја напушта Хаити

Следно

Најмалку 16 повредени во експлозија во тренинг центар на ФБИ во Калифорнија

Latest from Blog

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот
Go toTop