Ердоган: „Столетието на Туркије“ е сеопфатен патоказ

May 31, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије на 29 октомври ќе ја прослави јубилејната стогодишнина од основањето на Републиката, а претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека визијата на земјата наречена „Столетието на Туркије“ претставува сеопфатен патоказ на нејзиниот напредок, извествува Анадолу.

„Додека го оставаме првиот век од нашата Република зад нас, пловиме кон нови хоризонти. Сакаме оваа важна годишнина да ја направиме почетна точка на сосема нова визија што ќе го одбележи нашиот следен век. Ова се нарекува Столетието на Туркије“, изјави Ердоган, кој минатиот викенд победи во вториот круг од претседателските избори и се избори за нов петгодишен мандат за шеф на државата.

Ердоган изјави дека визијата „Столетието на Туркије“ е сеопфатен патоказ што ќе ја подигне неговата земја над нивото на современите цивилизации.

Тој во своето обраќање на собирот по повод 161-годишнината од формирањето на Турскиот ревизорски суд во Анкара, исто така, рече дека нема да запре додека Туркије не ги постигне своите цели и не обезбеди мирен и просперитетен живот за идните генерации.

„За ова, многу е важно да се воспостави хармонична соработка меѓу извршната, законодавната, судската власт и сите органи на државата“, додаде тој.

Ердоган ја истакна ефикасноста на претседателскиот систем на владеење, усвоен во Туркије во 2017 година, со цел Владата да работи непречено во координација.

Ердоган минатата година ја откри својата визија „Столетието на Туркије“, која вклучува низа програми, проекти и цели додека земјата се подготвува да ја одбележи својата 100-годишнина оваа есен.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САНИРАН ШТИПСКИОТ СПОМЕНИК НА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ВО РЕВОЛУЦИЈАТА И БОРБАТА ПРОТИВ ФАШИЗМОТ

Следно

Оудеа-Кастера: „Преместувањето на бездомниците и барателите на азил од Париз нема никаква врска со Олимпијадата“

Latest from Blog

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Проданоски: Создаваме услови младите да останат и да се развиваат во Прилеп

Меѓународниот средношколски форум на економски училишта, организиран од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, претставува значајна платформа за отворање дискусија за улогата на младите во современото општество и важноста од нивно соодветно образование

Дали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ансу Фати сè уште не го кажал конечното „да“ на Монако, бидејќи се надева дека би можел да ја добие својата последна шанса во Барселона. Каталонски извори објавија дека Фати чека
Go toTop