Ердоган: Со безбедносниот коридор долж јужната граница спречуваме огнот околу нас да се прошири кон Туркије

March 13, 2024
1 min read

ШИРНАК (АА) – Со поставувањето „безбедносен коридор“ по должината на своите јужни граници Туркије успешно се заградува од ширењето на тероризмот и насилството, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Целосно го спречуваме ширењето на огнот околу нас кон Туркије со воспоставување безбедносен коридор по должината на нашата јужна граница“, рече Ердоган на изборниот митинг во Ширнак, покрај јужната граница на Туркије со Ирак, пред локалните избори закажани на 31 март.

Тој, исто така, истакна дека Туркије поставува бариери меѓу неа и терористичките организации што сакаат да ја втурнат во конфликт и истовремено „се дистанцира и од империјалистите и од нивните марионети“, очигледно мислејќи на терористичките организации ПКК и ЈПГ/ПКК и земјите што Туркије ги обвинува за поддршка на овие терористички организации по должината на нејзините граници со Ирак и Сирија.

„Сепаратистичката терористичка организација е алатка што ѝ е наметната на нашата земја за продолжување на тиранијата насочена кон воспоставување еднопартиски фашизам на овие простори“, додаде турскиот претседател.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е нејзин сириски огранок.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пејачката Шарлот Чрч објави дека нејзиното семејство добива закани поради поддршката за Газа

Следно

Се намалуваат таксите за студентите и докторантите во јавните високообразовни институции годинава, одлучи Владата на Бугарија со предлог законски измени

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop