Ердоган положи заклетва за трет мандат претседател на Туркије

June 3, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Реџеп Таип Ердоган денес положи заклетва за својот трет мандат претседател на Туркије, втор по преминот на земјата во претседателски систем на управување, известува Анадолу.

Ердоган по пристигнувањето пред зградата на турскиот Парламент најпрво ја поздрави почесната гарда построена во негова чест, по што започна свечената седница на Големото народно собрание на Република Туркије, со која претседаваше привремениот претседател Девлет Бахчели.

Бахчели на претседателот Ердоган му го врачи сертификатот на Врховната изборна комисија како потврда за победата на Ердоган на претседателските избори одржани на 28 мај.

Ердоган потоа на говорницата на Парламентот свечено положи заклетва, со што и официјално го започна мандатот како нов претседател на државата. По полагањето на заклетвата, во Парламентот е интонирана и химната на Република Туркије.

По оваа церемонија претседателот Ердоган ќе положи венец во Аниткабир, мавзолејот на првиот претседател на Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк. Подоцна, во Претседателската палата ќе започне свечената инаугурација, на која ќе присуствуваат голем број официјални гости, како претседатели, премиери и други високи функционери од бројни земји, вклучувајќи ги и земјите од регионот.

Ердоган за првпат на функцијата претседател на Туркије е избран во 2014 година, а воедно, тој е и прв директно биран претседател на оваа земја.

Според официјалните резултати на Врховната изборна комисија, Ердоган победи во вториот круг претседателски избори што на 28 мај се одржаа во Туркије, со освоени 52,18 % гласови, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу освои 47,82 %.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Седум години од смртта на легендарниот Мухамед Али

Следно

Русија вели дека би можела да се врати на договорот за нуклеарно оружје ако САД се откажат од „непријателската политика“

Latest from Blog

ВИДЕО: Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење!

Пожар кај с. Марвинци во Валандово, гори сува трева и ниска грмушка, информираат од ЦУК. На терен интервенира Територијалната противпожарна единица Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. Пожар кај с.

Арсовска со отворено писмо до евроамбасадорот Рокас: „Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава“

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, испрати отворено писмо до амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, по повод посетата на еврокомесарката Марта Кос во Скопје и одржувањето на Самитот ЕУ –

Челникот на Комисијата на турскиот Парламент, Октај: „Турција е еден од главните елементи на стабилноста на Балканот“

ТИРАНА (АА) – Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Фуат Октај, изјави дека Турција е еден од главните елементи на стабилноста на Балканот, јавува Анадолу.

Марковски избори пласман на главниот турнир во Куршумлијска Бања

Македонскиот тенисер Обрад Марковски со три победи во квалификациите на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија избори место во „главниот ждреб“. Тој денес во финалето од квалификациите го победи Шин Хес од
Go toTop