Ердоган: Наша единствена цел е да обезбедиме мир, спокојство и стабилност во целиот регион

December 25, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека единствена цел на Туркије е да обезбеди мир, спокојство и стабилност во целиот нејзин регион, почнувајќи од Сирија, јавува Анадолу.

Говорејќи на состанокот на Партијата на правдата и развојот (АК Партија), Ердоган изјави:

„Воодушевени сме секогаш кога ќе го видиме нашето знаме со ѕвезда и полумесечина покрај знамето на слободна Сирија во (сириските градови) Алепо, Дамаск, Хама, Хомс, Дара и Мунбич.“

„Ќе ја елиминираме терористичката организација (ПКК) додека таа се обидува да изгради ѕид од крв меѓу нас и нашите курдски сестри и браќа“, додаде турскиот претседател, мислејќи на терористичката група, присутна и во Сирија и во Ирак, во чија повеќедецениска кампања против Туркије се убиени околу 40.000 луѓе.

Тој накратко се осврна и на последните настани во Сирија.

„Со почит ги поздравувам нашите браќа од Сирија што извојуваа прекрасна победа по 13 години борба“, рече Ердоган.

Тој, исто така, истакна дека според сите показатели економијата на Туркије во доменот на инвестициите, производството, вработувањето и извозот со сигурни чекори напредува кон зацртаните цели за раст.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 24 Палестинци се убиени во синоќешните израелски воздушни напади врз домови и шатори

Следно

Тошковски открива: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

Latest from Blog

Меџити: Чаир добива четирилентен булевар со зелени појаси и велосипедски патеки

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргјиевски, денес беа на терен за да го најават почетокот на реализацијата на булеварот „Митхат Фрашери“ во Чаир. Проектот

НЕМА КРАЈ НА ТРАНСАТЛАНСКАТА ЕРА, тоа не е цел на САД, не се дистанцираме од Европа, сакаме да биде посилна

Државниот секретар на САД Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција истакна дека САД не се обидуваат да се оддалечат од Европа туку да внесат нов живот во старото пријателство. „Сакаме Европа да

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка: Лозарите со исплатени субвенции ја започнуваат сезоната

По повод празникот Св. Трифун, кој важи за најзначаен ден за лозарите и винарите од Тиквешкиот Регион, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Неготино упати честитки

Хуманост на дело, за само шест часа собрани 3,1 милиони денари за лекувањето на малата Ана

Кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева официјално е затворена, откако за само шест часа беа собрани 3,1 милиони денари, објави доктор Ненад Лазаров. Станува збор за една од најбрзите и најмасовни
Go toTop