Ердоган: На пат тргна Тогг, првиот турски електричен автомобил

April 4, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Првиот домашен турски електричен автомобил Тогг тргна на пат вчера по неговата свечена испорака на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Од денес почнуваме да го гледаме Тогг на патиштата“, рече Ердоган при примањето на првиот модел на „Тогг Т10Икс“ со церемонија во претседателскиот комплекс во главниот град Анкара.

Ердоган рече дека Тогг го достигнал своето сегашно ниво како симбол на технолошкиот напредок, економскиот развој и глобалната репутација на Туркије.

Тој додаде дека Тогг ќе ги краси улиците не само во Туркије туку и низ светот.

Претседателот, заедно со првата дама Емине Ердоган, го возеше Тогг низ претседателскиот комплекс.

– „Тогг“

Цената на стандардниот модел „T10Икс“ се движи од 953.000 турски лири (околу 45.400 евра) до 1.055.000 лири (околу 50.200 евра), додека лонг-рејнџ моделот е со цена од 1.215.000 лири (околу 57.800 евра).

Со две различни опции на батерии за моделот „T10Икс“ со погон на задните тркала од 160 kW (218 КС), клиентите можат да изберат помеѓу опсег од 314 километри (195 милји) или 523 километри (325 милји).

Првата верзија на „Т10Икс“ може да забрза од 0 до 100 km/h за 7,6 секунди, додека втората, со испораката што треба да започне овој октомври, може да постигне 0-100 km/h за 4,8 секунди.

Втората верзија има и погон на сите тркала, со моќност од 320 kW (435 коњски сили).

Батериите на „Тогг​​​​​​​ Т10Икс“ може да се полнат од 20 отсто на 80 отсто за помалку од 28 минути на станиците за брзо полнење.

Возачите, исто така, може да избираат меѓу шест различни опции за бои на електричното возило.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Артан Груби облечен во знакот 8 за камен-темелникот за Коридорот 8

Следно

Германија ја повика Русија да престане да поставува мини во Украина

Latest from Blog

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба

Лашкоска на средба со млади од регионот: Младите се партнери во зелената транзиција

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање одржа едукативна работна средба со група млади учесници, организирани од младинската

Проданоски: Продолжува уредувањето на улиците во Прилеп за граѓаните

Проданоски: Корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ за подобра пристапност и безбедност Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави реализација на корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ по барање на жителите, институциите
Go toTop