Ердоган: Ќе ја уништиме 40-годишната игра на империјалистите и нивните марионети

November 10, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Туркије ќе ја уништи 40-годишната игра на империјалистите и нивните марионети кои преку терористичките организации ја насочуваат политичката и економската мапа на земјата, јавува Анадолу.

Ердоган присуствуваше на комеморативниот собир по повод 86-годишнината од смртта на основачот на модерната Туркије, Кемал Ататурк, што се одржа во Врховниот совет за култура, јазик и историја „Ататурк“.

„Според зборовите на Гази Мустафа Кемал, врховниот командант во Војната за независност, ‘заедничката цел на сите нас е да ја издигнеме нашата земја над нивото на современата цивилизација’. Секој збор, секој став, секоја постапка која има за цел разбивање на единството и солидарноста на овој народ, без оглед на целта, е директно предавство на довербата на Гази Мустафа Кемал“, рече Ердоган.

Тој напомена дека многу добро ги знаат мотивите зад морбидните ставови на широк спектар на фронтови.

„Обидот за окупирање на нашата земја од нејзините јужни граници значително го спречивме со операциите и безбедните зони што ги формиравме“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека во наредниот период ќе се комплетираат алките што недостасуваат во безбедната зона долж нејзините граници.

„Ќе ја уништиме 40-годишната игра на империјалистите и нивните марионети кои преку терористичките организации ја насочуваат политичката и економската мапа на патот на нашата земја“, додаде Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гути го повика Реал да го врати 38-годишниот Рамос поради повреди на дефанзивците

Следно

Од утре променливо облачно и постудено време, на повисоките планини снег

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop