Ердоган: „Како можат ОН да ги заштитат другите кога не можат да ги заштитат правата на својот персонал“

October 15, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го постави прашањето како ОН можат да ги бранат правата на другите кога не се во состојба да ги заштитат правата на својот персонал во екот на израелските напади врз мировниците во Либан, пренесува Анадолу.

„Сите со срам гледавме колку се беспомошни Советот за безбедност на ОН и меѓународните организации пред ароганцијата на Израел“, изјави Ердоган на конференцијата „Глобална дипломатија и иднината на Палестина“ во Анкара.

„Колку долго Советот за безбедност на ОН ќе стои настрана и ќе гледа како нашиот регион се претвора во море од крв, а цивилите во Газа се палат живи?“, рече турскиот претседател и додаде:

„Сведоци сме како организациите за човекови права и светските медиумски организации ги глумат трите мајмуни кога станува збор за правата на невините деца убиени во Газа“.

Ердоган, исто така, рече дека Палестинскиот народ со децении го живее ова угнетување, а израелската политика на окупација, уништување и егзекуција непрекинато продолжува веќе 76 години.

„Можеме да предвидиме каде ќе води овој експанзионизам доколку не биде запрен Израел, кој станува сè поарогантен и поагресивен“, рече Ердоган и истакна:

„И да се доживеат големи страдања, со Божја дозвола, овој процес ќе резултира со формирање на слободна палестинска држава врз основа на границите од 1967 година.“

Претседателот Ердоган рече дека Туркије е единствената држава која покажа најостра реакција кон масакрот во Газа и не застана тука, туку презеле и конкретни мерки против Израел. Тој истакна дека како држава цврсто стојат и ќе продолжат да стојат покрај палестинскиот народ кој и покрај сѐ, херојски ја брани својата татковина.

Ердоган рече дека поддршката на Туркије кон Палестина може да се забележи и благодарение на количеството хуманитарна помош што им ја испратиле на населението во Појасот Газа која надминала 84.000 тони, додавајќи дека Туркије е земјата која испорачила најмногу помош за Газа.

Израел спроведува бруталната офанзива врз Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот. Во овие напади Израел уби речиси 42.300 Палестинци, повеќето жени и деца.

Израел своите напади ги прошири со огромна воздушна кампања и во соседен Либан, каде што наводно, како што тврди, од 23 септември напаѓа локации на Хезболах. Во овие напади досега се убиени најмалку 1.542 Либанци, повредени се над 4.555, а раселени се повеќе од 1,34 милиони луѓе.

Воздушната кампања е ескалација од едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и Хезболах од почетокот на неговата офанзива врз Појасот Газа.

И покрај меѓународните предупредувања дека Блискиот Исток е на раб на регионална војна среде немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан, тој го прошири конфликтот на 1 октомври со започнување копнен упад во Јужен Либан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Интер сака да го потпише Та

Следно

АХВ: Времено се затворени 13 игротеки, а на 32 им се изречени парични казни

Latest from Blog

Николоски: Со Албанија ќе ја зајакнеме заштитата на Охридското Езеро

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информираше дека денеска во Владата била одржана значајна средба со амбасадори на УНЕСКО, на која се разговарало за приоритетите на Македонија во областа

Божиновска: Зелената транзиција е патот до почист воздух и посилна економија

„Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива.Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје,

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, денеска оствари средба  со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво  “Илинден”-Тирана. Ми беше задоволство и голема чест, во име на друштвото

Пресврт…. наместо во Интер, Палестра заврши во Челзи (ВИДЕО)

Иако веќе се беше договорено и неговиот агент веќе се наоѓаше во Милано, за да го финализира договорот, сепак случајот на италијанскиот репрезентативец Марко Палестра доживеа тотален пресврт. Тој во последен момент

Алиу: Од 30 јуни во функција шест нови хируршки сали

Шесте целосно реконструирани хируршки сали во Клиничкиот центар во Скопје ќе започнат со работа на 30 јуни, најави министерот за здравство Азир Алиу. Тој посочи дека пред нивното официјално пуштање во употреба
Go toTop