Ердоган го најави супер брзиот воз Анкара – Истанбул, патувањето ќе трае само 80 минути

March 24, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул го најави новиот проект на супер брзиот воз Анкара – Истанбул, кој ќе се движи со брзина од 350 километри на час, а патувањето до Анкара ќе трае околу 80 минути, известува Анадолу.

Ердоган им се обрати на насобраните граѓани на предизборниот митинг во Истанбул и во таа прилика зборуваше за реализираните проекти во Истанбул, како и за идните проекти.

Тој посочи дека во изминатите 21 година во Истанбул се реализирани јавни инвестиции во вредност од 1,65 милијарди лири.

„Во здравството изградивме 178 здравствени установи, меѓу кои и болници со капацитет од 18.417 легла. Со урбанистичкото планирање преку ТОКИ изградивме 228.000 станбени објекти и им ги предадовме на сопствениците. Должината на автопатиштата ја зголемивме од 350 на 794 километри “, соопшти Ердоган.

Ердоган зборуваше и за проектот „Големиот Истанбулски тунел“.

„Овој тунел, кој ќе поврзе 11 различни линии на железничкиот систем, ќе обезбеди сериозно олеснување на транспортот во Истанбул. Нашата цел е да ги спроведеме сите 1.100 километри железнички проекти што ги подготвивме за Истанбул“, додаде тој.

Турскиот претседател најави и значајни проекти за оваа година, меѓу кои е и проектот за супер брз воз.

„Оваа година распишуваме тендер за проектот за супер брз воз Анкара-Истанбул, кој ќе има брзина од 350 километри на час, а времетраење на патувањето ќе изнесува 80 минути“, истакна Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ден на жалоста во Русија и зголемен број на безбедносни сили пред судот во Москва

Следно

Харис: Нема вмешаност на Украина во масакрот во близина на Москва

Latest from Blog

Што навистина купуваме? По случајот во Косово, време е внимателно да ги читаме декларациите

Случајот со млечните производи во Косово, каде кај дел од анализираните производи беа откриени состојки кои не биле соодветно наведени на декларацијата, отвори едно многу едноставно прашање: колку навистина знаеме што купуваме

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации

Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи

РУСКАТА “ПОДМОРНИЦА НА СУДНИОТ ДЕН“ за прв пат за спушти во морето. Која е нејзината цел?

Најновата руска нуклеарна подморница, поради капацитетот, составот на вооружување и стартешката подвижност е наречена “подморница на судниот ден“ наменета за нуклеарна војна – за прв пат го напушти пристаништето минатата недела. Додека
Go toTop