Ердоган го честиташе Денот на мирот и слободата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

July 20, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес го честиташе Денот на мирот и слободата во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), прославувајќи ја 51-годишнината од мировната операција на Кипар во 1974 година, известува Анадолу.

Ердоган е во посета на ТРСК за каде ќе присуствува на настаните по повод одбележувањето на воената операција што Турција ја започна како одговор на државниот удар на кипарските Грци, чија цел беше припојување на островот кон Грција.

Честитајќи им од сѐ срце на кипарските Турци, Ердоган на платформата X објави:

„На 51-годишнината од мировната операција на Кипар, со почит се сеќаваме на нашите храбро загинати херои кои ги дадоа своите животи во борбата за егзистенција на турскиот кипарски народ и им изразувам благодарност на нашите херојски ветерани“.

– Повеќедецениски проблем

Кипар е заглавен во повеќедецениски спор меѓу кипарските Грци и кипарските Турци, и покрај низата дипломатски напори на ОН за постигнување сеопфатно решение.

Етничките напади од страна на кипарските Грци што започнаа во раните 1960-ти години ги принудија кипарските Турци да се повлечат во енклави заради сопствена безбедност.

Во 1974 година, кипарските Грци изведоа државен удар кој имаше за цел анексија на островот кон Грција, што доведе до воена интервенција од страна на Турција како сила гарант за заштита на кипарските Турци од прогон и насилство. Како резултат на тоа, во 1983 година беше основана Турската Република Северен Кипар (ТСК).

Последниве години имаше повремени мировни процеси, вклучително и неуспешната иницијатива од 2017 година во Швајцарија под покровителство на земјите гаранти, Турција, Грција и Велика Британија.

Администрацијата на кипарските Грци влезе во ЕУ во 2004 година, истата година кога кипарските Грци еднострано го блокираа планот на ОН за ставање крај на долгогодишниот спор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските поморски сили приведоа пет палестински рибари кои ловеле во близина на брегот на Газа

Следно

СДСМ со жесток одговор до ВМРО‑ДПМНЕ: „Пропагандата за странски служби е излитена, одговорете за скандалите“

Latest from Blog

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop