„Еноси“: АЕК се надева на пресврт во Скопје

May 23, 2025
1 min read

Не одиме како жртви. Одиме да испишеме наша историја и да имаме помалку чувства на каење отколку во првото финале, бил коментарот на тренерот на АЕК Фредерик Бужан во пресрет на реваншот со Алкалоид в недела, според спортскиот портал „Еноси“, што е специјализиран за вести поврзани со екипите на АЕК во сите спортови, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текстот под наслов „АЕК: Со верба за пресврт во второто финале против Алкалоид“, порталот пишува дека ракометарите во текот на оваа седмица работеле „со цел се претстават во поинакво лице во второто финале против Алкалоид“, бидејќи резултатот од првиот натпревар во Атина „ги разочара сите во редовите на АЕК бидејќи сликата на тимот во никој случај не одговараше на неговиот реален потенцијал“.

Тимот, според порталот, се фокусирал на грешките направени во одбраната и нападот, а во Скопје доаѓаат „за да ја исцрпат секоја можност што ја имаат за пресврт“.

– Четири гола во никој случај не се пречка, сепак, АЕК ќе мора да ја покаже својата добра натпреварувачка страна и да одигра совршена игра, пишува порталот.

Тренерот на АЕК, Французинот Бужан изразил увереност дека неговиот тим „оди во Северна Македонија за да ја напише својата историја и под никакви околности нема да ја прифати својата судбина“

– Една седмица е доволна за да се направи промена … или да се обидеш да се напишеш едно ново сценарио! Па сега, ќе се фатиме за работа. Ќе се погледнеме во очи и ќе ја искористиме нашата шанса до крај. Не одиме како жртви. Одиме да испишеме наша историја и да имаме помалку чувства на каење отколку во првото финале! И како што рековме … овој двомеч нè подготвува идеално за крајот на сезоната, бил коментарот на Бужан, според „Еноси“.

Ракометарите на АЕК, според информациите на МИА од Атина, веќе се во Скопје во пресрет на натпреварот што в недела ќе се одигра во „Борис Трајковски“ во 20.30 часот.

Во првиот натпревар во Атина, Алкалоид со 25:29 го совлада домашниот тим во преполната сала во грчката престолнина, со присуство на 7.800 гледачи што беше и рекордна посетеност на ракометен натпревар во Грција.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп упати закана дека ќе воведе царина од 50 % за ЕУ

Следно

Мицкоски: Самитот на НАТО во Хаг можност за билатерална средба со Бугарија, на која би присустувале и Кошта, Фон дер Лајен, Калас, Руте

Latest from Blog

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук

Трамп со предупредување до Тајван, островот со одговор веќе сме суверена земја

Трамп  за Fox News, изјави дека „не сака никој да прогласува независност“ и повтори дека американската политика кон Тајван останува непроменета. Тој исто така кажа  дека не сака конфликт со Кина, туку

Платите во Европа се разликуваат драстично: Ова се земјите со највисоки и најниски примања

Просечните плати значително се разликуваат низ Европа, исто како и трошоците за живот. Најновите споредби покажуваат дека највисоки плати имаат земјите од западна и северна Европа, додека најниски примања се бележат во
Go toTop