Емотивен момент: Палестинец ја прегрна мајка си по неколкумесечна разделба

January 27, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Рано утринава започна враќањето на десетици илјади Палестинци, кои се раселени поради нападите на Израел врз Појасот Газа, во нивните домови на север, јавува Анадолу.

На снимката е прикажан Палестинец, кој бил принуден да мигрира во јужна Газа, кој по добиената дозвола сега се враќа на север, каде што повторно ќе биде со мајка му по неколкумесечната разделба.

Утринава илјадници Палестинци почнаа да се враќаат во северниот дел на Појасот Газа како дел од прекинот на огнот помеѓу Израел и палестинската група Хамас што стапи на сила на 19 јануари.

Според сведоците и дописникот на Анадолу од терен, од 7 часот наутро по локално време илјадници луѓе се движат пешки кон северна Газа по крајбрежната улица Ал-Рашид.

Палестинските активисти на социјалните мрежи поставија снимки од луѓе што скандираат и прославуваат додека се враќаат во своите области.

Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила на 19 јануари, со што е запрена геноцидната војна на Израел во која се убиени речиси 47.300 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се повеќе од 111.400 од 7 октомври 2023 година.

Првиот ден од прекинот на огнот Израел ослободи 90 палестински затвореници во замена за тројца израелски заробеници што ги ослободи Хамас.

Втората група од 200 палестински затвореници беше ослободена на 25 јануари.

Во договорот за прекин на огнот во три фази е предвидена размена на затвореници и одржлива смиреност, со цел за трајно примирје и повлекување на израелските сили од Газа.

Во израелските напади исчезнаа 11.000 луѓе, предизвикани се широко распространето уништување и хуманитарна криза во кои животот го загуби огромен број постари луѓе, жени и деца.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се уште се бара најсоодветно решение за ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“

Следно

Иванишевиќ е еден од кандидатите за нов тренер на Синер

Latest from Blog

По 20 години Палестинците излегуваат на избори- одреден е датумот

Абас го одреди датумот со декрет, повикувајќи ги Палестинците на Западниот Брег, Источен Ерусалим и Појасот Газа да гласаат. На последните избори, на 25 јануари 2006 година, исламистичката организација Хамас освои мнозинство

Мицкоски: Битола е и ќе остане еден од главните приоритети на Владата

Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска ја посети Битола, каде изврши увид во градежните активности за реконструкција на новата училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во населбата Буковски ливади. Во

Викингот Халанд го освојува Британскиот остров: Филмска најава за мега дуелот Англија – Норвешка!(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Во сабота од 23 часот се игра дуелот од 1/4 финалето на СП меѓу Англија и Норвешка. Секако дека ова во фудбалскиот свет предизвикува големо внимание, особено по фантастичните игри на

Падна товарен авион во близина на Пакистан- пронајдени се остатоците

Остатоците беа пронајдени по 12-часовно пребарување, пишува Би-Би-Си. Пребарување и пронаоѓање на остатоците Пакистанската аеродромска управа вели дека се во тек напори за лоцирање на екипажот на приватниот товарен авион К2 Ервејс.
Go toTop