ЕМИЛ ШУЛАЈКОВСКИ СЛАВИ 30 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО СО ИЗЛОЖБАТА „СЕНКИ ВО ОБЛАЦИТЕ“ ВО ЧИФТЕ АМАМ

September 29, 2024
1 min read

„Сенки во облаците“ е насловена изложбата на сликарот Емил Шулајковски која ќе се отвори на 1 октомври во 20 часот во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ). Со оваа изложба авторот одбележува 30 години творештво.

Изложбата е составена од пет одвоени циклуси, создадени во периодот меѓу 2022 и 2024, при што доминираат слики од 2023 и 2024, но се претставени и неколку дела од 2019 со издвоени наслови: „Градина на задоволствата“ (2019-2023), „Трансформација на симболите“ (2023), „Рефлексии на моментот“ (2023-2024), „Виор во мислите“ (2023-2024) и „Сенки во облаците“ (2023-2024), изведени во техниките масло и акрил на платно.

„Како една од основните карактеристики на сликарството на Емил Шулајковски за почеток може да ја издвоиме доследноста на константата, која подразбира визуелизација на доживувањата преку експресионистичка изразност со боја врз платно, при што авторот ги спојува лирската апстракција и апстрактниот експресивен гест во динамични ликовни форми со пантеистичка животна и уметничка филозофија“, вели кураторката на изложбата Маја Чанкуловска-Михајловска

Шулајковски е роден во 1969 во Скопје, дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Реализирал 28 самостојни изложби во Скопје, Кавадарци, Куманово, Тетово, Битола, Охрид, Белград, Ниш, Подгорица, Љубљана, Лексингтон и Њујорк, а учествувал на преку седумдесет групни изложби.

Неговите дела се застапени во приватни и јавни колекции во Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, БиХ, Грција, Кипар, Албанија, Бугарија, Италија, Ватикан, Франција, Германија, Шпанија, Португалија, Англија, Ирска, Полска, Чешка, Финска, Швајцарија, Белгија, Холандија, Луксембург, Норвешка, Русија, Турција, САД, Канада, Кина, Сингапур, Јапонија и Австралија. Добитник е на четири национални награди за сликарство.

Изложбата ќе биде поставена до 20 октомври.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Големата лага за диктатот

Следно

Драстичен пад на температурите неделава

Latest from Blog

Турција осуди осум лица на затвор поради несреќата со жичарницата во Анталија пред две години

Во инцидентот од 12 април 2024 година, една од кабините на жичарницата што превезуваше туристи од плажата Коњалти до врвот Тунектепе во регионот на Анталија удри во столб и се распадна, исфрлајќи

Промет од над 9 милиони денари: банкарските акции доминираат на берзата на денешната сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 21.04.2026 година, индексот МБИ10 изнесуваше 9.901,62 поени и забележа дневен пад од 0,16%, односно

Разбиена мрежа на елитна проституција, клиенти биле играчи на Интер и Милан

Италијанската полиција деновиве разби високо рангирана и организирана мрежа на елитна проституција, која што имала седиште во поголемите градови во оваа земја. Истата била задолжена за организација на приватни забави и снабдување
Go toTop