АВИОНСКА НЕСРЕЌА НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ: Летало се урна среде пат во близина на терен за голф

June 5, 2026
1 min read

Мал авион се
урна среде пат на популарните Канарски Острови набрзо по полетувањето.
Испаничените туристи бегале барајќи
спас додека авионот летал директно кон нив.

Падот на
авионот се случил во четвртокот попладне за време на обука за летање на
воздухопловна школа од јужниот дел на Тенерифе. Пилотот се обидел итно да
слета, но авионот се урнал со голема брзина. Како што пренесуваат локалните
медиуми, авионот се урнал пред терен за голф, така што удрил во бандера и
неколку палми. Ударот сериозно го оштетил авионот, а делови од леталото биле
расфрлани по кружниот тек.

Туристите
бегале за да спасат жива глава

Фотографиите
и видеоснимките од местото на падот на авионот покажуваат дека крилата му се
откорнати, а носот му е оштетен. Отисокот на авионот се наоѓа на средината на
патот.

„Моравме да
трчаме за да го избегнеме авионот кога тој удри во бандерата и во неколку
дрвја, запирајќи пред да стигне до нас. Не сакам ни да замислам што ќе се
случеше во спротивно“, изјавил еден турист од Нортхемптон, Англија, за
шпанскиот весник „Canarian Weekly“.

Двајцата
пилоти (на возраст од 20 и 50 години) успеале самите да се извлечат од
урнатините. Од превентивни причини, тие биле пренесени во болница. Вистинско
чудо е што никој не е сериозно повреден. Сите инволвирани поминале без повреди.
Причината поради која авионот западнал во неволја сè уште не е јасна. Истрагата
за причините за падот е во тек.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Се купуваат нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената во Град Скопје и низ општините

Следно

Македонски дизајн во светскиот ринг: Гого Славески до нова победа во BKFC со уникатни патики

Latest from Blog

Проданоски: Со дела, а не само со зборови, ја градиме Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, одбележувајќи 35 години од историската одлука на граѓаните за независна, суверена и слободна држава.

Нов проблем за Интер и Милан!

ФОТО:facebook.com/Inter/ Проектот за нов заеднички стадион помеѓу Милан и Интер Милан наиде на уште еден проблем. Општина Милано се соочува со судска постапка поради продажбата на земјиштето околу иконскиот стадион “Сан Сиро“

Сите загинати при излизгувањето на товарен авион од пистата во Мајами, биле во паркираните автомобили (ВИДЕО)

Истражителите потврдија дека сите жртви биле во две возила на земја. Боингот 767-300, управуван од „21 Ер“, се лизна од пистата во неделата. Удри во комбе за чистење во кое се наоѓаа

ВЛЕН: Компаниите се шират, се отвораат нови можности за вработување

Северна Македонија се движи кон создавање поповолна инвестициска клима, со поголеми можности за меѓународна соработка, развој на бизнисите и отворање нови работни места, оценува политичката партија ВЛЕН. Од партијата посочуваат дека економскиот

Божиновска за „Energy Game“: Македонија ќе добие пристап до американски ЛНГ и гас од Азербејџан

Вертикалниот коридор првично започна со Грција, Бугарија и Романија, а сега се оформува и оската Грција – Северна Македонија – Србија, што создава повеќе можности за пристап, меѓу другото, и до американскиот
Go toTop